26.02.2019 ФАРМАХЕМ – ПРЕДВОДНИК НА ЦЕЛИТЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

На 26.02.2019 година, на гала церемонијата што се одржа во Македонската Филхармонија, на компании и поединци им беа доделени награди за предводници во остварување на целите за одржлив развој. Наградите се доделија во рамките на проектот „Градење на меѓусекторски партнерства за одржлив развој“, спроведен од организациите „Конект“, „Agora“ и Мрежата на Глобалниот Договор од Бугарија, а поддржан од УНИЦЕФ и Делегацијата на Европската унија. Наградите за предводници на целите за одржлив развој се доделија во три категории: поединци вработени во компании, компании и млади бизнис лидери. Фармахем ја доби наградата во категоријата „Компании предводници за одржлив развој“ и во таа прилика г-ѓа Марјонка Велјановска, извршната директорка на Фармахем, имаше кратко обраќање на присутните за придобивките од посветеноста кон одржливиот развој за Фармахем и за општеството. Во обраќањето, таа се осврна на нашата мисија да делуваме локално како мала компанија, имајќи ја при тоа предвид поголемата слика – достоинствена работа, здрав живот, чиста животна средина, квалитетно образование, родова еднаквост и подобар живот за сите луѓе во светот.

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, П. Фах 39, Тел: +(389 2) 2031 193, Факс: +(389 2) 2031 434, е-пошта: farmahem@farmahem.com.mk