Лабораториска опрема

  • Aвтоматски хематолошки анализатор XS-1000i (SYSMEX),
  • Хематолошки анализатор KX-21N (SYSMEX),
  • Биохемиски анализатор А25 (BioSystems),
  • ELISA (DiaMed EuroGen),
  • Електролитен анализатор Roche 9180 (Roche),
  • Инструмент за хемостаза DIAChek-C1-DIALAB.

Aвтоматски хематолошки анализатор SYSMEX XS-1000i

Sysmex  XS-1000i е квантитативен автоматски хематолошки анализатор за in-vitro дијагностичка употреба за одредување на 21 хематолошки параметар, кој директно ги мери WBC, RBC, HGB, HCT, PLT, NEUT #, LYMPH #, MONO #, EO # и BASO #, ги пресметува или изведува: MCV, MCH, MCHC, RDW-SD, RDW-СV, MPV, ги дава во проценти диференцираните: WBC, NEUT %, LYMPH%, MONO%, EO % и BASO %. Хематолошкиот анализатор дава три хистограма од WBC, RBC и PLT и еден скетерограм, со порака на екранот дали примероците на пациентите се нормални или имаат некаква абнормалност. 


Хематолошки анализатор SYSMEX KX-21N

Sysmex KX-21N е автоматски хематолошки анализатор кој одредува 19 параметри и дава 3 хистограми (за WBC, RBC и PLT). Користи многу мали количини од примерокот. Анализира полна крв и капиларни (педијатриски) примероци. Изработува 60 примероци на час.


TOSOH AIA-900

Tosoh AIA-900 е потполно автоматизиран ензиматски имуноанализатор. Неговиот реален капацитет (брзина на изведување на анализите) е 90 тестови/ час со континуиран капацитет на отчитување.

Со него се изработуваат тироидни хормони, полови хормони, туморски маркери итн. 


Биохемиски анализатор А25 (BioSystems)

А25 е автоматски биохемиски анализатор специјално дизајниран за изведување на биохемиски клинички анализи. Анализаторот може да работи со пет типови на примерок: серум, урина, плазма, цереброспинална течност и супернатант. Малата количина на примерок за анализа и можноста за изработка на 240 анализи за еден час го прави А25 анализаторот погоден за секоја лабораторија.


Биохемиски анализатор Mindray BS-240 pro

MINDRAY BS-240 pro е биохемиски анализатор за in vitro дијагностика. Примероци кои може да се анализираат на овој биохемиски анализатор се: серум, урина, плазма и цереброспинална течност. Количината на примерок потребна за анализа  е 3-45 µL, а може да изработува до 200 анализи за еден час.

Работната температура на анализаторот е 370С.


ELISA (Mindray MR-96A)

ELISA (Enzyme-Linked ImmunoSorbent Assay) Mindray MR-96A е биохемиска техника што најчесто се користи во имунологијата за откривање на антитела или антигени во испитуваниот примерок. Тоа е многу прецизна, квантитативна техника со која се овозможува едноставно мерење и лесна интерпретација на резултатите.


Електролитен анализатор Roche 9180 (Roche)

Roche 9180 Електролитниот анализатор овозможува мерење на електролитите во полна крв, серум, плазма и урина. Користи мали количини од примерокот за анализа, а резултатот се добива за многу кратко време.


DIAChek-C1 (DIALAB)

DIAcheck C1 e едноканален оптички коагулометар кој ги одредува основните параметрина втората фаза од хемостазата (од коагулационата каскада) во хумана цитратна плазма. Дизајниран е за in vitro во дијагностички лаборатории.


Radiometer AQT90


Комплетно автоматизиран POC sistem за брза анализа на д-димери. Работи со TRF- метода.


DocUReader 2


DocUReader 2 нуди брзи POC тестирања на урината.

При автоматска инкубација се изработуваат околу 50 анализи на час, додека без автоматска инкубација до 120 анализи на час.


KIMASED Auto 20


Kimased Auto 20 е автоанализатор за одредување на седиментација на еритоцитите. Отчитувањата се вршат со IR LED оптички систем.


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, П. Фах 39, Тел: +(389 2) 2031 193, Факс: +(389 2) 2031 434, е-пошта: farmahem@farmahem.com.mk