Грант: Фондот за иновации и технолошки развој, преку инструментот Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, одобри финансиска поддршка на проектот ,,МИКРОЕКОˮ - иновативна технологија со примена на аеробни микроорганизми до помалку пестициди во почвите, во износ од 290.889,06 EUR.
Со реализацијата на проектот,,МИКРОЕКОˮ ќе се добијат во исто време иновативен производ и услуга. Предвидено е да се развие иновативна технологија со употреба на иновативен производ за третман со аеробни гранулирани микроорганизми врз почви загадени со пестициди. За квантификување на успешноста на производот, ќе се набави опрема и ќе се акредитираат методи за анализа на линдан во примероци од почва од страна на Фармахем Лабораторија за животна средина, која е акредитирана според стандардот ISO 17025 наменет за лаборатории за тестирање и калибрација. Примената на производот ќе придонесе за решавање на проблемите со загадувањето на почвите, индустриското загадување, а со тоа и на загадувањето на подземните и површинските води, воздухот, како и на употребата на земјоделските производи кои директно влијаат врз здравјето на луѓето.
Име на компанија |
Име на проект |
Резиме |
Буџет на проект |
||||
Сопствено ко - финансирање |
ФИТР ко - финансирање |
Вкупен буџет на проект |
|||||
ФАРМАХЕМ ДООЕЛ |
,,МИКРОЕКОˮ - иновативна технологија со примена на аеробни микроорганизми до помалку пестициди во почвите |
„МИКРОЕКО“ е развој на иновативна технологија за развивање и употреба на иновативен производ за третман со аеробни гранулирани микроорганизми врз почви загадени со пестициди. Примената на производот ќе придонесе за решавање на проблемите со загадувањето на почвите, индустриското загадување, загадувањето на подземните и површинските води, воздухот, како и на употребата на земјоделските производи кои директно влијаат врз здравјето на луѓето. |
193.926,04 |
40,00% |
290.889,06 |
60,00% |
484.815,10 |
Проект: Елаборат за испитување на загадувањето на амбиентниот воздух од сообраќајот во Град Скопје
Фармахем Лабораторија за животна средина беше задолжена за мерење на загадувачот PM10 на амбиентниот воздух, ниво на бучава во животната средина и зeмање и анализа на примероци вода, на патот N9 Приштина - Пеќ, дел од Киево/Клина до Захак, во Косово, согласно договорот за услуги бр. 17-IPF6-014-17CUE003 со Конзорциум SAFAGE - EPTISA - PM Group – TRACTEBEL. Проект финансиран од ЕУ, 2018
Проект: Елаборат за испитување на загадувањето на амбиентниот воздух од сообраќајот во Град Скопје
Индикативни мерења на квалитетот на амбиентниот воздух во однос на параметрите PM10, PM2,5бензен, азот диоксид и одредување на тешки метали на сообраќајници со висока и ниска фреквенција на сообраќај, проценка на моменталната состојба , но и предлагање на мерки за подобрување на истата, проект финансиран од Град Скопје, 2016-2017
Проект: Проценка на деградацијата на почвата и стратегии за рехабилитација за одржливо користење на земјиштето
Проектот „ТЕРА-МЕД: Стратегија за проценка на деградацијата на почвата и стратегии за рехабилитација за одржливо планирање на користењето на земјиштето“ се смета за многу важен напор за заштита на еколошките ресурси во „Грција - Поранешна Југословенска Република Македонија“, прекуграничната област, преку иновативен стратешки пристап за системско управување со територијалните еколошки проблеми, како и нивните оперативни фактори. Териториите на кои беа фокусирани проектните активности беа западната страна на Солунската крајбрежна зона во регионот на Централна Македонија во Р. Грција и во специфичните области во Битола, регион Западна Македонија, Р. Македонија. На Фармахем му беше доделено од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола да обезбеди услуги за собирање на примероци од почва и мов земени во специфичните области во Битола, регион Западна Македонија, Р. Македонија за хемиски и микробиолошки анализи, како и известување за резултатите и подготовка на финален извештај. Проект финансиран од ИПА фонд, 2016 година.
Проект: Елаборатот за ниво на бучава и за состојбата на амбиентниот воздух во Град Скопје – Втора фаза (во грејна сезона)
Индикативни мерења на бучава во животна средина и квалитетот на амбиентниот воздух, нивно процесирање со цел одредување на состојба во Град Скопје во грејна сезона, но и предлагање на мерки за подобрување на состојбата, проект финансиран од Град Скопје, 2016
Проект: Оперативна програма за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух со PM10 во Град Скопје
Проценка на моменталната состојба на амбиентниот воздух преку индикативни мерења на пет локации во Скопската агломерација во однос на следните параметри: PM10, PM2,5 (квалитативна и квантитативна анализа на собраните примероци за одредување на As, Pb, Ni, Cd, Zn, Cu, Co, Mn, Cr, Fe), PAH-ови, јаглеводороди од согорување на дрва и јаглен како и јаглеводороди од согорување на нафтен деривати. Со обработката на податоците од индикативните мерења, што ја рефлектираа моменталната состојба во Скопје и историските податоци за истите параметри, предложени беа мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во Градот Скопје.
Акционен план за целите, мерките, извршителите и роковите за спроведување беше подготвен во рамките на финалниот документ. Проект финансиран од Град Скопје, 2014
Проект: IPA 2011- WBIF - Инфраструктурен проект - Tехничка помош 3; Земји партнери: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, поранешна југословенска Република Македонија, Исланд, Црна Гора, Србија, Косово
ФАРМАХЕМ учествуваше со двајца експерти за животна средина, кои реализираа мерења на бучава и квалитет на амбиентен воздух на локациите наведени во деталните задачи на експертот за животна средина за патниот правец N9 Prishtine-Peje , собирањеподатоци, анализа и известување, како што беше потребно.
Проект: Жешки точки во Македонија
Земање примероци од површинска и подземна вода и почва од жешки точки во Македонија за фирмата Almadius од Белгија. Проектната задача на Almadius и беше доделена од странана Sofinex - експертска фирма од областа Валонија во Белгија со цел валоризација на индустрискиот отпад преку изготовка на физибилити студија, проект финансиран од владата на Белгија, 2013
Проект: Елаборатот за ниво на бучава и нејонизирачко зрачење и за состојбата на амбиентниот воздух во Град Скопје
Индикативни мерења на бучава во животна средина, квалитет на амбиентен воздух и нејонизирачко зрачење, нивно процесирање со цел одредување на моменталната состојба во Град Скопје, но и предлагање на мерки за подобрување на состојбата, проект финансиран од Град Скопје, 2012
Проект: Мерење на бучава во животна средина, квалитет на воздух и испитување на води за Општина Центар
Мерење на бучава во животна средина, квалитет на воздух и испитување на води за потребите на Инспекторатот за животна средина на Општина Центар, проект финансиран од Општина Центар, 2011-
Проект: Мерење на бучава во животна средина, квалитет на воздух и испитување на води за Општина Велес
Мерење на бучава во животна средина, квалитет на воздух и испитување на води за потребите на Инспекторатот за животна средина на Општина Велес, проект финансиран од Општина Велес, 2009 – 2011.
Проект: Мерење на бучава во животна средина, квалитет на воздух и испитување на води за Град Скопје
Мерење на бучава во животна средина, квалитет на воздух и испитување на води за потребите на Инспекторатот за животна средина на Град Скопје, проект финансиран од Град Скопје, 2008 – 2010.
Проект: Изработка на техничка документација за проширување на сообраќајница Илинденска, Скопје
Мерење на имисија на PM10 прашина во амбиентен воздух и бучава од патен сообраќај на сообраќајницата Илинденска, проект финансиран од Град Скопје, 2010.
Проект: Изработка на техничка документација за проширување на сообраќајница Лука Геров и приклучок на обиколница Скопје
Мерење на имисија на PM10 прашина во амбиентен воздух и бучава од патен сообраќај на сообраќајницата Лука Геров, проект финансиран од Општина Ѓорче Петров, 2010.
Проект: Аерозагадување на Приштина
Земање на примероци од PM10 прашина во амбиентен воздух, хемиска анализа на тешки метали во примероците и изработка на Извештај од добиените податоци за аерозагадување во Приштина, проект финансиран од Министерство за животна средина на Косово, а реализиран во соработка со Хидрометеоролошки завод, Приштина, 2009 година.
Проект: Индустриски парк Митровица, Косово
Мерење на имисија на PM10 и PM2.5 прашина, земање и анализа на примероци од почва, вода и седимент, растителни и животински примероци, тестирање на јонизирачко зрачење во рамките на проектот „Оценка на влијание врз животната средина и акционен план за ремедијација на Индустрискиот парк Митовица", финансиран од UNDP Братислава, а реализиран во соработка со Dekonta од Чешка, 2009.
Проект: Old environmental burdens in chemical plant Ohis, Skopje
Мерења на имисија на PM10 и PM2.5 прашина, земање на примероци од подземна вода и почва и определување на основни физичко-хемиски параметри, проект финансиран од "ОДА" програма на Владата на Р.Чешка, а реализиран во соработка со Dekonta и Еnakon од Чешка, 2007- 2009.
Проект: Квалитет на површински води Вардар, Треска и Каменичка река
Физичко-хемиска и микробиолошки анализа како и одредување на биолошки статус на трите реки во Македонија (Вардар,Треска и Каменичка река. Проект финансиран од "Balkan Trust for Democracy", а реализиран во соработка со ДЕМ, 2008.