03.02.2019 „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ОСВОИ ТРИ НАГРАДИ НА SUNDANCE FILM FESTIVAL 2019!

Документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) ја освои главната награда од стручното жири (Grand Jury Prize) на Sundance Film Festival 2019 во конкуренцијата за документарни филмови од светот (World Cinema Documentary Competition).

Македонскиот документарен филм е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“, а поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

„Медена земја“ кој што е во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска ги освои следниве награди:

  • Голема награда на жирито за најдобар документарен филм,
  • Награда за најдобра кинематографија за снимателите Фејми Даут и Самир Љума и
  • Специјално признание од жирито за влијание за промена.

Потсетуваме дека тизерот за филмот може да го погледнете на следниов линк: https://vimeo.com/228856441

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, П. Фах 39, Тел: +(389 2) 2031 193, Факс: +(389 2) 2031 434, е-пошта: farmahem@farmahem.com.mk