На Десеттата јубилејна манифестација „Свечено доделување на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2017 година“, којашто се одржа на 15 ноември 2017 година, во хотелот „Мериот“ Скопје, Фармахем освои две награди за ООП.
Првата награда е јубилејно признание за континуирано спроведување на успешни општествено одговорни практики 2007–2017, а втората е Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2017 година и тоа прво место за мали и средни претпријатија во категоријата „вложување во заедницата“. Наградениот проект е реализиран во соработка со Сојузот на извидниците на РМ: „Заедно создаваме подобар свет“.
Крајната цел на проектот е Фармахем со својата стручност и експертиза да придонесе за стекнување на вештини за научно-истражувачка дејност кај младите. Фармахем во својата лабораторија за животна средина врши неформална едукација на извидници од 7–15 години, кои учат нови вештини за наука и заштита на животната средина.