28.07.2026 БИОЗАШТИТА НА ХРАНАТА ВО ФОКУСОТ НА Lallemand Speciality Cultures Distributor Seminar 2026!

Со задоволство споделуваме дел од нашето искуство од Lallemand Speciality Cultures Distributor Seminar 2026 во Франција каде што претставници од Фармахем заедно со дистрибутери од Европа, Азија и Пацификот во текот на тродневен семинар разменија искуства, се запознаа со најновите достигнувања во областа на стартер културите и дискутираа за глобалните трендови кои ја обликуваат иднината на прехранбената индустрија.

Клучни теми во фокусот: 

  • Биозаштитни култури: Нивната улога е сѐ позначајна во справувањето со предизвиците за безбедност на храната, продолжувањето на рокот на траење, справувањето со патогените микроорганизми и усогласувањето со Европската Регулатива за Listeria monocytogenes. Природните и одржливи решенија стануваат примарен избор наместо хемиските конзерванси;
  • Растечки потенцијал на производите од растително потекло: Сегмент во брз развој кој отвора нови можности за иновации. Заедно со Lallemand, продолжуваме будно да ги следиме овие промени;
  • Иновации во пракса: Имавме чест да ја посетиме новата истражувачка лабораторија на Lallemand во Рен кадешто преку стручни презентации и интерактивни работилници дополнително ја зајакнавме нашата експертиза во областа на стартер културите за прехранбената индустрија.

Покрај техничкиот и професионален аспект, семинарот беше одлична платформа за поврзување, размена на идеи и зајакнување на стратешката соработка со нашите партнери и колеги за што изразуваме благодарност на организаторите од компанијата Lallemand.

Продолжуваме да ги носиме највисоките стандарди и иновативни решенија поблиску до вас! 

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk