Првомајската награда „Работник на годината“ за 2025 г. ја понесе Горан Крабевски, колега кој е дел од Фармахем од неговиот почеток. Особено ни е драго што во овие времиња кога сите се во брзање и во потрага по материјални нешта, во делата на Горан беше препознаена неговата скромност, беспрекорно однесување и културни манири, и од страна на клиентите и добавувачите.
Горан минатата година даде особен придонес за едукативните настани кои беа одржани во Фармахем во октомври, иако и тоа го направи на својот скромен и дискретен начин, со ненаметлив придонес. Споделувањето знаење, контакти од соработниците, потпора на помладите се карактеристики кон кои секој треба да тежнее. Токму овие вредности се темелот врз кој се гради и зајакнува успехот на секој тим.
Навистина е прекрасно кога некој кој е кон крајот на својата кариера и кој останал лојален на фирмата сите овие години, добива и официјално признание од колегите – награда „Работник на годината“.
Искрени честитки упатуваме и до другите двајца номинирани колеги - Стевка Поп-Трајкова и Борче Коларски, кои исто така беа препознаени по своите активности и ангажмани надвор од нивните секојдневни работни обврски. Беше забележана нивната подготвеност секогаш да излезат во пресрет без разлика на обемот на обврските, како и трудољубивоста и искрената желба да бидат потпора на тимот.
Се надеваме дека и во иднина ќе ја зачувавме традицијата за посветеност, трудољубивост, солидарност и љубов кон работата - вредности кои се втемелени во корените на Фармахем и од нашиот особено драг колега Душан Ѓуровски.