01.10.2023 ФАРМАХЕМ, ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ И ФАРМАХЕМ СЕРВИС ПО 15. ПАТ ЗАЕДНИЧКИ СО НОВ ЕЛАН ТРЧАА НА СКОПСКИОТ МАРАТОН

Преку 11.000 натпреварувачи од 53 земји во недела, 1 октомври 2023, земаа учество на 19. издание на Виз Ер Скопски маратон.

Фармахем, ПЗУ Дијагностика Фармахем и Фармахем Сервис, традиционално секоја година заедно учествуваат на овој спортски настан како Фармахем тим, а годинава со рекордни 40 учесници.

Сите пет полумаратонци и најдобрите на трката на 5 km во машка и женска категорија, како и најмладите учесници (децата на вработените), беа наградени со ваучери за книги.

Се радуваме на секој нов учесник, а добиените резултати се мотивација тимски и лично да се надминеме себеси!

Честитки до сите учесници, се гледаме на маратон и следната година!  

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk