26.05.2022 ФАРМАХЕМ СЕ ЗАКИТИ СО УШТЕ ЕДНО ПРЕСТИЖНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Министерството за економија на 26 мај 2022 година ги додели Наградите за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2021 година.

Наградата во 2021 година се доделува за проектите и практиките кои се реализирани во период од две години, од 1-ви јуни 2019 до 1-ви јуни 2021 година, од причина што во 2020 година наградата не беше организирана.  Во 2021 година на конкурсот за наградата се пријавија вкупно 19 проекти од 12 македонски претпријатија.

Фармахем е едно од ретките мали и средни претпријатија кое што е континуирано наградувано од 2008 година, кога почнаа да се доделуваат Националните награди за ООП и има освоено призанија во сите пет категории: етичко управување, однос кон вработените, односи на пазарот, вложување во заедницата и однос кон животната средина.

Фармахем за 2021 година го освои признанието во категоријата „вложување во заедницата“ за проектот „Со мали чекори до подобро утре!“.

Називот на проектот ја одразува заложбата на Фармахем секоја година да прави мали чекори напред, да реализира локални микро проекти и мини активности, за кои сметаме дека се многу поефекасни, покорисни и позначајни за локалната заедница отколку еднократни проекти и донации. Во 2020 година, Фармахем одбележа значаен јубилеј, 30 годишнина од постоењето. По тој повод, секој вработен во Фармахем, Фармахем Сервис и ПЗУ Дијагностика Фармахем засади дрво во СРЦ „Сарај“. Вкупно беа засадени 75 дрвја во чест на 75-годишнината од раѓањето на основачот на Фармахем, директорот д-р Јосиф Таневски. Воедно, направивме донации во финансиски средства, медицинска опрема, средства за дезинфекција и чистење, маски и брзи тестови за Ковид-19, на голем број граѓански здруженија, НВОа, здравствени установи, научно-истражувачки друштва, фондации, студентски организации, спортски клубови, пензионерски друштва, Општина Ѓ. Петров, Дневен центар за деца од улица во Општина Шуто Оризари, СОС Детско село, Прв скопски извиднички одред, Наука за деца во рамки на Фондацијата Кантарот, МАНУ и други.

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk