Одредување на концентрацијата нa антитела SARS-CoV-2 IgG и SARS-CoV-2 IgM против COVID-19 вирусот со најсовремени и најспецифични методи


 

SARS-CoV-2 IgG II Quant тестот е дизајниран да ја одредува групата на имуноглобулини G (IgG) антитела, вклучувајќи неутрализирачки антитела, на подрачје на врзувачки рецептор (RBD) на S1 субединицата на “spike” протеинот на SARS-CoV-2 во серум и плазма од индивудуи за кои има сомнеж дека ја имаат корона вирус болеста (COVID-19) или во серум и плазма на индивидуи кои може да биле заразени од SARS-CoV-2.

 

Периодот на инкубација на COVID-19 е меѓу 1 и 14 дена, а во најголемиот број на случаеви се јавува во период од 3 до 10 дена. Најчести симптоми на COVID-19 се треска, сува кашлица и тешкотии при дишењето. Може да се развие и силен респираторен дистрес синдром.

 

Присуството на IgG антитела овозможува идентификација на пациенти кои претходно биле заразени и оздравени од болеста и е корисно во серолошките испитувања за утврдување на распространетоста на SARS-CoV-2 инфекцијата во одредени групи или во пошироката популација. 

 

Присуството на неутрализирачки антитела најрано може да се утврди меѓу 7 и 15 дена по појава на болеста, а истите можат да се детектираат неколку месеци. 

 

Од испитувањата коишто се направени од страна на компанијата Abbott e востановено дека нема вкрстена реакција кај лица со други медицински состојби, вклучувајќи и болни од хумани корона вируси 229E, HKU1, NL63 или OC43.

Вредностите на антителата се изразуваат во AU/mL и тоа во многу голем опсег од 21–40 000 AU/mL или од 2.98–5680 BAU/mL.

 

Од досегашните истражувања заклучено е дека тестот за антитела може да помогне при:

            1. Oдредување и следење на имунолошкиот одговор на вакцините, вклучувајќи и истражување за да се утврди колку долго трае одговорот;

            2. Mерење на нивото на антителата создадени како резултат на природен одговор на вирусот или одговор на индукција со вакцина;

            3. Проценка на нивоата на антитела за да се утврди потенцијалот за донирање на конвалесцентна плазма.

Мери Спасовска-Гичева, дипл. биохем.

 

Контакт:

ПЗУ ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ

тел.: 02/20 31 905, 02/240 33 55

моб.: 071/ 30 60 19

е-пошта: lab@farmahem.com.mk


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk