ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ
ЗА
„ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН СО АКЦИОНЕН ПЛАН (2027–2036)“
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Реф. бр. 03/07/988
Скопје, Ноември 2026 година
СОДРЖИНА:
1. Предмет на договорот за јавна набавка
5. Трошоци за поднесување на понуда
6. Разлики во цена (корекција на цени)
8. Спречување на судир на интереси
9. Појаснување, изменување и дополнување на проектната задача
10. Квалификации на понудувачите
11.1. Докажување на лична состојба
11.2. Докажување на способност за вршење на професионална дејност
11.3. Докажување на техничка или професионална способност
12.1. Начин на изготвување на понудата
12.7 Адреса на доставување на понудите
13. Отворање и евалуација на понудите
1. ЗА ПРОГРАМАТА ЗА БИОЛОШКА РАЗНОВИДНОСТ И ОТПОРНОСТ НА ЕКОСИСТЕМИТЕ
2. КРАТОК ОПИС НА ИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН
3.1. ОБЕМ НА ЗАДАЧАТА (РАБОТИ)
4. ТЕХНИЧКА ИЛИ ПРОФЕСИОНАЛНА СПОСОБНОСТ
4.1. Квалификации, искуство и задачи на експертскиот тим
5. РОК ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ
6. ЈАЗИК, ФОРМАТ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТОТ
8. БУЏЕТ И ИСПЛАТА НА СРЕДСТВА
9. МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦИЈА ПРИ ИЗРАБОТКА НА ДОКУМЕНТИТЕ
Предмет на договорот за обезбедување на услуги е „Изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036)“, во корист на Центарот за развој на Источен плански регион (во натамошниот текст: ЦРИПР).
Детален опис на предметот на набавката е даден во делот II Техничка спецификација – проектна задача, на оваа документација.
Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови, во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
Договорен орган е Фармахем како координатор на Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите во Северна Македонија (БРОЕ), проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), во партнерство со ЦРИПР. Краен корисник на резултатите е ЦРИПР, кој заедно со координаторот на БРОЕ ги разгледува и ги одобрува испорачаните резултати.
Оваа постапка се спроведува согласно Методологија за спроведување на постапка за доделување на договори во рамките на Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите во Северна Македонија (БРОЕ), одобрена од донаторот.
Право да достави понуда има секое заинтересирано правно лице од Република Северна Македонија, регистрирано за услуги поврзани со темата на постапката (консултантски услуги, изработка на стратегии и планови, истражување и сл.).
Во случај на група на понудувачи, групата назначува претставник кој ќе има овластување да ги извршува сите деловни активности за и во име на сите членови на групата во текот на постапката и на извршувањето на договорот. Претставникот со понудата доставува и писмено овластување потпишано од сите членови на групата. Сите членови на групата се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на обврските. Договорниот орган комуницира со претставникот на групата.
Понудувачите (или стручни лица/подизведувачи од тимот на понудувачот) со една или повеќе негативни препораки немаат право на учество или ќе бидат изземени од процесот. Негативните препораки може да ги даде донаторот или соодветните институции во државите од интерес.
Понудувачот може да учествува само со една понуда. Сите понуди во кои еден понудувач се јавува во повеќе од една самостојна и/или групна понуда ќе бидат отфрлени.
Лица што учествувале во изготвувањето на документацијата за постапката не можат да учествуваат како понудувачи или членови на група.
Понудувачот е одговорен за сите трошоци поврзани со подготовката и поднесувањето на понудата. Договорниот орган нема одговорност за овие трошоци без оглед на исходот од постапката.
Не се предвидува корекција на цените. Цените искажани во понудата на избраниот понудувач се фиксни за целото времетраење на договорот.
Понудата, целосната кореспонденција и документацијата во врска со неа се доставуваат на македонски јазик. Финалната стратегија се доставува и во овластен превод на англиски јазик (види дел II).
Понудувачот не смее при извршување на договорот да ангажира лица кои биле вклучени во евалуацијата на понудите во оваа постапка. Во таков случај договорниот орган има право да го раскине договорот. Понудувачот ќе го пријави секој потенцијален судир на интереси, особено ако член на тимот е вработен во ЦРИПР, во општина од Источниот плански регион или во друга институција чии одлуки се предмет на стратегијата.
9.1. Секое барање за информација или објаснување во врска со проектната задача и другите документи се испраќа по електронска пошта на jasminka@farmahem.com.mk . Договорниот орган одговара во рок од 5 дена од приемот на пораката. Прашања може да се поставуваат најдоцна 6 дена пред истекот на рокот за доставување на понудите.
9.2. Договорниот орган го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања од понудувачите, да ја измени или дополни проектната задача, која ќе ја објави на ист начин како и јавниот повик.
10.2 Определување на соодветноста – следните критериуми мора да бидат исполнети, во спротивно понудата нема да се разгледува:
11. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествува во постапката, понудувачот доставува Изјава за докажување на способност (Прилог 3) на свој меморандум или ги доставува документите наведени подолу.
Документите од точка 11.1 не смеат да бидат постари од 6 месеци и се доставуваат во оригинал или копија потврдена од понудувачот.
Понудувачот доставува документ/потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејност поврзана со предметот на договорот во оригинал или копија заверена од понудувачот со печат и потпис на одговорното лице со назнака „Верно на оригиналот“.
Економскиот оператор ја докажува техничката и професионалната способност со задолжително доставување на следната документација:
Правното лице треба да ги има вработено/ или ангажирано следните експерти:
|
Позиција |
Минимални квалификации и искуство |
|
Клучен експерт бр. 1 – Координатор / тим-лидер / Експерт за одржлив туризам и регионален развој |
|
|
Клучен експерт бр. 2 – Експерт за економско-финансиски анализи и анализа на трошоците и придобивките (cost-benefit) |
|
|
Клучен експерт бр. 3 – Експерт за оцена на изводливост |
|
Дополнителна поддршка: по потреба, понудувачот треба да вклучи дополнителна експертиза во области како рурален туризам, културно наследство, природно наследство, земјоделство, просторни податоци, консултации и туристичко брендирање.
За сите експерти потребно е солидно познавање на релевантното национално и ЕУ законодавство и политики од областа на туризмот и заштитата на природата и одлично познавање на англиски јазик.
Учеството на експертите во исти и/или слични проекти се утврдува од доставеното CV, a релевантното искуство се докажува со листа на референци. Како доказ за образовните и професионалните квалификации се доставуваат дипломи, сертификати, потврди или друг доказ издаден од правни лица.
Напомена: листата на референци на клучните експерти се бодува како елемент „квалитет“ од критериумот за избор на најповолна понуда. Доколку не се исполнат минималните услови, понудата се отфрла како неприфатлива. Едно исто лице може да биде предложено само за една клучна експертска улога, во спротивно понудата се отфрла како неприфатлива.
Клучните експерти треба да бидат вработени кај понудувачот или ангажирани врз основа на договор, и да приложат Изјава за вклученост во тимот, потпишана и заверена од понудувачот (Прилог 4).
Ако се поднесува понуда како група понудувачи, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови заедно, а задолжително се доставува договор за групна понуда со распределба на активностите од проектната задача за секоја договорна страна посебно.
Понудата се изготвува во согласност со условите од проектната задача и мора да ги содржи сите елементи од образците во Прилозите 1 до 4. Образците задолжително се пополнуваат без измена на нивната форма, во спротивно понудата може да биде отфрлена како неприфатлива. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок.
12.2. Елементи на понудата
12.3. Цена во понудата
12.4. Валута на понудата
Цената се изразува во [македонски денари (МКД) ].
12.5. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата е 30 дена од денот утврден како краен рок за поднесување, во кој понудата е обврзувачка за понудувачот.
12.6. Поднесување на понудата
Понудувачот подготвува и доставува еден оригинален примерок во писмена форма и еден електронски примерок, потпишани од одговорното или овластено лице, спакувани во еден коверт со назнака “За Јавен повик (Реф. Бр. 03/07/988)”
Понудите се доставуваат на следнава адреса:
Ул. Кичевска бр. 1, 1060 Скопје
12.8. Краен рок за доставување на понудите
Краен рок е 16.12.2026 до 15:00 часот.
Понудата поднесена по истекот на рокот се отфрла како задоцнета и му се враќа на понудувачот неотворена.
12.9 Принцип на една понуда
Едно правно лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа лице се отфрлаат.
13.1. Отворање на понудите
Отворањето на понудите не е јавно. Понудите ги отвора Комисија за евалуација и за тоа се води записник.
13.2. Евалуација на понудите
Комисијата за евалуација ги оценува понудувачите и понудите врз основа на следниов модел:
|
Формални барања (елиминациони) |
Да/Не |
|
Понуда поднесена во бараниот рок |
Да/Не |
|
Комплетна понуда |
Да/Не |
|
Критериуми за соодветност (елиминациони) |
Доставени |
Валидни |
|
Докази за утврдување на лична состојба (се оценува секое барање посебно) |
Да/Не |
Да/Не |
|
Докази за способност за вршење на професионална дејност |
Да/Не |
Да/Не |
|
Докази за техничка или професионална способност (се оценува за економскиот оператор и за секој експерт посебно) |
Да/Не |
Да/Не |
|
Критериуми за доделување на договор: економски најповолна понуда |
Бодови |
|
Елемент 1 - Квалитет на техничка понуда |
70 |
|
Елемент 2 – Цена на понудата |
30 |
|
Вкупно |
100 |
1 Квалитет (техничка понуда) – 70 бода
Понудата која ќе освои помалку од [35] бода за квалитет не се разгледува понатаму.
2 Финансиска понуда – 30 бода
Цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови (максималниот утврден) ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
|
Број на бодови= |
Најниска понудена цена (без ДДВ) ∗ Максимален број бодови |
|
Понудена цена (без ДДВ)
|
13.2.1. Договорот се доделува на понудувачот со највисок вкупен број бодови.
13.2.2. Ако стигне само една понуда, таа мора да го исполни минималниот праг на бодови за квалитет за да биде избрана.
13.2.3. Ако најповолната прифатлива понуда е со цена повисока од планираните средства, договорниот орган преговара со понудувачот или ја поништува постапката.
13.2.4. Договорните органи го задржуваат правото да ги поканат понудувачите од потесниот избор на презентација на методологијата и работниот план.
13.2.5. Избраниот понудувач се известува писмено во рок од 5 дена од донесувањето на одлуката, а останатите по потпишувањето на договорот. Понудувачите кои не биле избрани немаат право на жалба. Информацијата за избраниот понудувач се објавува на интернет-страницата на договорниот орган.
13.3. Доверливост на процесот на евалуација
Ниту една информација за разгледувањето, оценката и споредбата на понудите не се открива на понудувачите или на лица кои не се службено вклучени во процесот.
Дополнителни документи по истекот на рокот не се прифаќаат. Комисијата може да побара појаснување по електронска пошта, а одговорот се дава директно до испраќачот.
14. Доделување и склучување на договорот
14.1. Нацрт-одлуката за избор на најповолен понудувач ја донесува Комисијата за евалуација заедно со извештајот за евалуација, и ја испраќа на одобрување до тим лидерот на БРОЕ.
14.2. Понудувачот чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број бодови како збир на бодовите по секој елемент, потпишува договор со координаторот на БРОЕ (Фармахем).
14.3. Договорот се доставува до избраниот понудувач во 2 (два) примерока на потпишување.
14.4. Избраниот понудувач е должен да го потпише договорот во рок од 7 (седум) календарски дена од денот на добивање и да го врати на договорниот орган.
15. Рок за извршување на услугата
Рокот за извршување е согласно проектната задача и е 6 (шест) месеци од денот на потпишување на договорот. Финалната стратегија треба да биде усвоена од Советот за развој на Источен плански регион.
16. Начин на плаќање
Начинот, динамиката, роковите и условите за плаќање ќе се утврдат во договорот, при што Фармахем врши директна исплата на избраниот понудувач. Вредноста на договорот се исплатува без вклучен ДДВ, бидејќи проектот е ослободен од ДДВ.
17. Поништување на постапката за доделување на договор
Постапката може да се поништи кога:
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА: „ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН СО АКЦИОНЕН ПЛАН (2027–2036)“
Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистеми (БРОЕ) е проект поддржан од Владата на Швајцарија (СДЦ) кој се спроведува од конзорциум предводен од Фармахем, во партнерство со Helvetas Swiss Intercooperation и во соработка со Македонското еколошко друштво како подизведувач. Програмата ќе придонесе кон унапредување на заштитата на природата, ќе ја зголеми отпорноста кон климатските промени и ќе создаде нови можности за егзистенција и развој на локалните заедници во брегалничкиот регион.
Програмата се фокусира на три клучни столба:
За да се обезбеди одржливост на интервенциите, Програмата применува системски и пределски пристап, заснован на партнерска одговорност, интердисциплинарна соработка и интегрирано управување. Посебен акцент се става на дијалогот и соработката меѓу засегнатите страни на национално и локално ниво, родовата еднаквост и социјалната вклученост, транспарентноста, отчетноста, доброто управување и размената на знаења и искуства. Главната фаза на Програмата го опфаќа периодот од 1 октомври 2026 година до 31 декември 2027 година.
Источниот плански регион (ИПР) зафаќа површина од 3537 км2, што е 14% од територијата на Република Македонија. Регионот е поделен на 11 општини (Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип), кои имаат вкупно 217 населени места, од кои 209 се карактеризираат како рурални населби. Од источната страна регионот се граничи со Бугарија, а комуникацијата со соседната држава се остварува преку граничниот премин Делчево во општина Делчево. Во фаза на изградба е граничниот премин Клепало, а има потенцијали за активирање и на граничните премини Ајдутска чешма и Црна Скала.
Патната мрежа во регионот е просечно развиена, а локалната патна мрежа е со недостиг на инвестиции и финансиски средства. Значењето на малите и средните претпријатија во производството и отворањето на нови работни места е големо: со интензивниот раст во последните неколку години тие полека го преземаат приматот на најголем производител во нефинансискиот сектор и доминираат со 72% во Источниот регион. Индустријата во однос на вработувањето учествува со 67%.
Во рамки на активностите кои придонесуваат кон остварување на Резултат 3, предвидено е да се реализира програмската активност „Изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036)“, во партнерство со Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР).
Источниот плански регион, според својата географска положба и големиот број природни и алтернативни потенцијали, постоечката археологија, културните споменици и останатите туристички места, има добри предуслови да се развие во интересна туристичка дестинација. Во последниве години значаен е бројот на проекти и иницијативи со различен степен и обем кои се реализираат во делот на туризмот во регионот. Изработени се и повеќе стратешки документи од областа на туризмот и одржливиот развој на регионално и локално ниво, вклучително и Стратегијата за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2016–2025).
Предмет на задачата е да се подготви Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036), при што ќе се направи анализа на реализацијата на претходната стратегија (2016–2025), ќе се направи пресек на состојбата со туризмот врз основа на тековни и реални податоци и ќе се развијат приоритети и активности, земајќи ги предвид заштитата на биолошката разновидност и отпорноста на екосистемите. Анализата треба да ги разгледа природното и културното наследство, руралните предели, туристичките локалитети, сместувачките капацитети, инфраструктурата и локалните економски активности, заедно со притисоците врз биолошката разновидност и екосистемите.
Понудувачот треба да обезбеди ажурирана појдовна основа од официјални и проверливи извори, со година, територијален опфат и ограничувања за секој податок. Просторните анализи треба да ги земат предвид важечките режими на заштита и управување и чувствителноста на природните локалитети.
Спроведувањето на оваа активност со инклузивен пристап ќе придонесе за зајакнување на усогласеноста на политиките, подобро интегрирање на аспектите на биолошката разновидност во стратешката рамка за развој на одржлив туризам и зголемување на капацитетите на институциите за поефективно комуницирање и унапредување на регионалните приоритети поврзани со биолошката разновидност.
А. Анализа на спроведувањето на Стратегијата за развој на туризмот со акционен план (2016–2025). Понудувачот треба да направи преглед на планираните и реализираните мерки, достапните извештаи, вложените средства и постигнатите резултати; да ги утврди нереализираните активности и причините за тоа; да ги документира научените лекции и препораките за периодот 2027–2036. Евалуацијата треба да се заснова на документарна анализа и консултации со институциите и другите засегнати страни. За секој заклучок се наведуваат доказите и ограничувањата.
Б. Ажурирана анализа на состојбата и потенцијалите за развој на туризмот и усогласување со релевантни стратешки документи. Како аналитичка основа за новата Стратегија треба да се земат предвид релевантните плански документи и институционални надлежности: Предлог-Национална стратегија за развој на туризмот (2027–2032), Национална развојна стратегија, Стратегија за рамномерен регионален развој (2021–2031), Стратегија за заштита и користење на културното наследство (2026–2031), нацрт просторен план на ИПР, Програма за развој на ИПР (2027–2031), Стратегија за визуелизација на ИПР, Планови за управување со ЗП Осоговски Планини и ЗП Малешево, стратегии за ЛЕР на 11-те општини од ИПР, како и останати стратешки документи и планови на национално, регионално и локално ниво (локални планови за животна средина, национална стратегија за биолошка разновидност, стратегија за животна средина, регионален план за управување со отпад, локални стратегии за туризам и сл.); регионални статистики од ДЗС; анализа на туристичката понуда, статистички податоци за посетеност на регионот, побарувачката и сезоналноста; мапирање на природните и културните вредности и туристичките локалитети; оценка на инфраструктурата и услугите; анализа на локалните синџири на вредност и можностите за одржлив рурален и природно базиран туризам. Треба да се идентификуваат притисоците од посетители, отпад, користење вода и земјиште, како и релевантните климатски ризици.
В. Стратегија за развој на туризмот на ИПР со акционен план (2027–2036). Стратегијата за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036) треба да биде изработена врз основа на евалуацијата на претходната стратегија (2016–2025) и ажурираната анализа на состојбата и потенцијалите за развој на туризмот во регионот. Стратегијата треба да биде усогласена и да ги содржи задолжителните поглавја од релевантните упатства за изработка на стратешки документи.
Стратегијата треба да го опфати периодот 2027–2036 и да обезбеди интегрирање на зачувувањето на биолошката разновидност, отпорноста на екосистемите и одржливите локални економски придобивки во планирањето на туристичкиот развој. Во Стратегијата треба да бидат разработени следниве поглавја:
За да ја подготви Стратегијата, понудувачот треба:
Понудувачот во предложената методологија може да предложи дополнувања на содржината на Стратегијата и акциониот план во насока на подобрување на нивниот квалитет и применливост, во рамките на утврдениот опфат на задачата.
Понудувачот е должен да обезбеди соодветна експертиза за разработка на сите поглавја и специфични области опфатени со Стратегијата, во согласност со барањата за експертскиот тим. Изработката треба да се спроведува транспарентно и со активно вклучување на ЦРИПР, општините од ИПР, надлежните институции, субјектите за управување со заштитените подрачја, туристичкиот сектор, локалните заедници и другите релевантни засегнати страни, во координација со Единицата за координација на Програмата (ЕКП) и согласно предвидениот партиципативен процес.
Експертскиот тим, во соработка со ЦРИПР, треба да подготви мапа на засегнати страни, консултативен план, работни материјали и извештаи со матрица на забелешки и одговори. За да се обезбеди партиципативен процес, ЦРИПР ќе организира 2 работилници и завршен настан за промоција на Стратегијата. Експертскиот тим треба да обезбеди стручна поддршка за двете работилници и за завршниот настан.
Напомена: Стратешката оцена на влијанието врз животната средина (СЕА) не е предмет на оваа набавка и ќе се спроведе одделно. Понудувачот треба да ја усогласи структурата на документот со барањата за СЕА.
Целта на овој јавен повик е да се изработи применлива, партиципативно подготвена Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036), која ги користи наодите од евалуацијата на претходната стратегија и го насочува туристичкиот развој кон зачувување на биолошката разновидност, отпорност на екосистемите и одржливи локални економски придобивки.
Понудувачот треба да достави:
Листата на испораки се потврдува во конечната тендерска документација. Прифаќањето се заснова на исполнување на одобрениот опфат, квалитет и проверливост на анализите, обработка на забелешките од ЦРИПР и ЕКП и усогласеност меѓу Стратегијата и стратешката оцена.
За да се квалификува како способен за извршување на договорот од аспект на техничката и професионалната способност, понудувачот треба да докаже релевантно искуство во стратешко планирање на туризмот, регионален или одржлив развој и спроведување на партиципативни процеси.
Потребни квалификации на понудувачот. Понудувачот треба да има минимум 10 години искуство во изработка на стратегии и стратешки документи од областа на туризмот, руралниот развој и слични области и најмалку 2 изработени исти или слични активности (изработка на стратегија, програма, акционен план или анализа во делот на туризам, рурален развој, заштита на природата или одржлив развој) во последните 5 години. Искуството задолжително се докажува со референтна листа, опис на сопствениот ангажман и потврди за успешно извршени услуги.
Достапност на лицата одговорни за извршување на задачите. Понудувачот треба да има вработено или ангажирано лица одговорни за изработка на Стратегијата и да обезбеди тие да бидат достапни во периодот на извршување на договорот и да не учествуваат во друга понуда за истиот повик. Тимот треба да ги покрива минимум следниве области и задачи:
Едно исто лице може да биде предложено само за една клучна експертска улога. Во спротивно, понудата ќе биде отфрлена како неприфатлива. Минималните образовни и професионални квалификации на тимот се дадени во точка 11.3.1 од Делот I.
Минималните барања за образование и искуство на клучните експерти се дадени во точка 11.3.1 од Делот I. Во техничката понуда понудувачот треба да наведе листа на предвидени позиции и лица, нивната експертиза и поделбата на задачите, и да го образложи распоредот на работните дена по задачи.
Рокот за извршување е 6 месеци од денот на потпишување на договорот, и тоа: 4 месеци за изработка на нацрт-стратегијата и 2 месеци за финализирање на документите и завршниот извештај. Финалната стратегија мора да биде усвоена од Советот за развој на Источен плански регион, со што проектната задача се смета за целосно завршена.
Стратегијата за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036) треба да биде изработена на македонски јазик, со овластен превод на англиски јазик, во печатена и електронска форма. Понудувачот е обврзан да достави до договорниот орган:
Финалните верзии на документот треба да бидат лекторирани. Дизајнот и квалитетот на печатената и електронската верзија треба да се дефинираат според упатствата и препораките од ЕКП при „Фармахем“ и ЦРИПР. Финалната стратегија ќе биде во сопственост на ЦРИПР, поради што покрај печатените верзии задолжително се доставува и финалната верзија со дизајнирана корица, подготвена за печатење, на македонски и на англиски јазик.
Оценувањето се уредува според одобрената Методологија на БРОЕ, заснована на соодносот 70 бодови за квалитет на техничката понуда и 30 бодови за финансиска понуда (види точка 13.2 од Делот I).
Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите (БРОЕ), во чии рамки се реализира овој јавен повик, е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Програмски координатор е „Фармахем“ ДООЕЛ – Скопје.
Проектот е регистриран во Централната база на податоци на Република Северна Македонија за странска помош (CDAD), поради што е ослободен од ДДВ и вредноста на договорот на понудувачот ќе му биде исплатена без вклучен ДДВ.
ЦРИПР врши мониторинг и евалуација на работата на понудувачот, обезбедува постојана комуникација и дава сугестии за усогласување со целите и резултатите на Програмата. „Фармахем“/ЕКП врши дополнителен мониторинг и евалуација и ја следи усогласеноста со договорените обврски.
Мониторингот опфаќа: напредок според работниот план; квалитет и извори на податоците; територијална и тематска покриеност; документирано учество на засегнатите страни; вградување мерки за биолошка разновидност и отпорност; усогласеност со стратешката оцена; и изводливост на акциониот план.
Понудувачот посебен акцент треба да стави на интегрирањето на климатската отпорност и вклучувањето на приватниот сектор во подготовката на Стратегијата и акциониот план (2027–2036), согласно пристапот на Програмата БРОЕ. Предложената методологија треба да ги опфати следниве аспекти:
Врз основа на Јавен повик Реф. број 03/07/988 од Фармахем, за доделување на договор за јавна набавка „Изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036)“, со спроведување на тендерска постапка согласно Методологија/правила на договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
ПОНУДА
Дел 1 – Информации за понудувачот
1.1. Име на понудувачот: ____________________________________
1.2. Контакт информации: адреса ______________________; телефон ______________________; е-пошта ______________________; лице за контакт ______________________
1.3. Одговорно лице: ____________________________________
1.4. Даночен број: ______________________
1.5. ЕМБС: ______________________
1.6. Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот согласно со Техничката и Финансиската понуда.
1.7. Нашата понуда е составена од следниве делови: пополнет образец на понуда; документи за докажување на личната состојба; документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност; докази за исполнување на техничката или професионалната способност; техничка понуда; финансиска понуда; изјава за ангажиран експертски тим; писмено овластување за претставникот на групата економски оператори (доколку станува збор за индивидуален понудувач, оваа алинеја да се избрише).
1.8. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во повикот и документацијата и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договорот.
|
Место и датум:
|
Одговорно/овластено лице: |
|
|
(потпис и печат)
|
Дел 2 – Техничка понуда
2.1. Согласни сме да ги понудиме услугите „Изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036)“, во согласност со проектната задача и тендерската документација.
2.2. Се согласуваме со рокот за извршување на услугата утврден во тендерската документација.
2.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација.
2.4. Согласни сме со начинот на извршување на услугата, обемот и јазикот на изработка на потребните материјали, како и со начинот на доставување утврдени во тендерската документација.
2.5. Ја доставуваме документацијата потребна за евалуација на техничката понуда (квалитет) за трите под-критериуми.
2.6. Нашата техничка понуда е обврзувачка за нас.
2.7. Во прилог доставуваме методологија и работен план за спроведување на проектната задача (пристап кон евалуацијата на претходната стратегија, ажурираната анализа на состојбата, изработка на Стратегијата и Акцискиот план, интеграција на биолошката разновидност и екосистемската отпорност, консултации со засегнатите страни, распоред на активности, организација на тимот и ризици).
|
Место и датум: |
Одговорно/овластено лице: |
|
|
(потпис и печат)
|
Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: ______________ [со цифри] ______________________________________ [со букви] [валута].
Вкупниот износ на ДДВ изнесува ______________ [валута].
Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација и во целост ги прифаќаме условите предвидени во неа.
|
Место и датум: |
Одговорно/овластено лице: |
|
|
(потпис и печат)
|
ИЗЈАВА
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека за ______________________ [се наведува назив на економскиот оператор] не постојат причини за исклучување од постапката, како и дека во целост ги исполнува бараните услови за утврдување на способноста наведени во тендерската документација за реализација на предметот на набавката по Јавен повик бр. 03/07/988 за доделување на договор за услуги со предмет „Изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036)“.
Истовремено изјавувам дека ги имам на располагање сите потребни документи за докажување на исполнувањето на бараните услови, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
|
Место и датум: |
Одговорно/овластено лице: |
|
|
(потпис и печат)
|
Изјава за лица одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, по Јавен повик 03/07/988
Изјавувам дека од ______________________ (назив на понудувачот) за реализација на предметот на набавката по Јавен повик бр. 03/07/988, односно за извршување на задачите предмет на договорот „Изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036)“, ќе биде ангажиран следниот тим:
|
Позиција |
Име и презиме |
|
Клучен експерт бр. 1 – Координатор / тим-лидер / Експерт за одржлив туризам и регионален развој |
|
|
Клучен експерт бр. 2 – Експерт за економско-финансиски анализи и анализа на трошоците и придобивките (cost-benefit) |
|
|
Клучен експерт бр. 3 – Експерт за оцена на изводливост |
|
Дополнително ги предлагаме следните лица како дел од тимот:
|
Позиција |
Име и презиме |
|
|
|
|
|
|
Горенаведените лица, одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, ќе бидат ангажирани и достапни за целото времетраење на реализацијата на договорот.
Предложените лица се исклучиво ангажирани само за оваа цел и нема да бидат ангажирани од друг економски оператор за извршување на задачите предмет на конкретната набавка, односно нема да учествуваат во друга понуда за извршување на задачите предмет на договорот, во спротивно прифаќаме нашата понуда да биде отфрлена како неприфатлива.
|
Место и датум: |
Одговорно/овластено лице: |
|
|
(потпис и печат) |