Ензими на црниот дроб ‒ функција

 

Ензимите на црниот дроб се биолошки активни протеини коишто ги забрзуваат хемиските процеси во организмот. Ензимите на црниот дроб се неопходни во процесите на филтрирање, прочистување, екскреција и метаболизам што се одвиваат во црниот дроб.

Тестовите на црниот дроб се рутински тестови на крвта со кои ги одредуваме вредностите на ензимите на црниот дроб и билирубинот.

Најчести ензими на црниот дроб присутни во крвта се:

  • Аланин трансаминаза (ALT) ‒ е ензим присутен во скелетните мускули, бубрезите, срцето и црниот дроб. Овој ензим е присутен и во панкреасот, белите дробови, еритроцитите и слезината;
  • Аспартат трансаминаза (AST) ‒ е ензим што е присутен во помали количини во срцето и мускулите, а најмногу го има во црниот дроб и бубрезите;
  • Гама глутамил транспептидаза  (GGT) ‒ поголема количина GGT се наоѓа во бубрезите, простатата, црниот дроб, епителот на тенкото црево и мозокот, т.е. на места каде што има интензивна апсорпција на аминокиселини.

Зголемени ензими на црниот дроб може да се детектираат за време на рутинското тестирање на крвта. 

  • Зголемен ALT (крвен алт) ‒ може да укаже на акутно оштетување на црниот дроб (хепатитис, токсичен хепатитис, алкохолен хепатитис, инфективна мононуклеоза);
  • Зголемени вредности на АСТ ‒ најчесто укажуваат на значително оштетување на црниот дроб или некои други болести (сите наведени состојби + миокарден инфаркт, хемолиза in vivo, заболување на скелетните мускули, белодробен инфаркт);
  • Зголемени вредности на GGT ‒ најчесто се јавуваат кај алкохоличари и се знак на значително оштетување на црниот дроб. Можат да бидат знак на откажување на црниот дроб, Гилбертов синдром и физиолошка хипербилирубинемија.

Зголемени вредности на ензимите на црниот дроб причина

Многу болести и состојби можат да придонесат за покачени ензими на црниот дроб. Најчести причини за покачени ензими на црниот дроб се:

  • Одредени лекови, вклучувајки го и статинот којшто се користи за контрола на холестеролот.
  • Консумирање алкохол;
  • Срцева слабост;
  • Хепатитис;
  • Хепатитис Б;
  • Хепатит Ц;
  • Безалкохолно заболување на масен црн дроб;
  • Дебелина;
  • Некои лекови против болки, вклучувајќи го и ацетаминофен.

Други причини за покачени ензими на црниот дроб може да вклучуваат:

  • Алкохолен хепатитис (воспаление на црниот дроб предизвикано од консумирање алкохол);
  • Автоимун хепатитис (воспаление на црниот дроб предизвикано од автоимуно нарушување);
  • Целијакилна болест;
  • Цироза;
  • Инфекции со цитомегаловирус (ЦМВ), со Епштајн-Баров вирус;
  • Дерматомиозитис (воспалителна болест којашто предизвикува мускулна слабост и осип на кожата);
  • Холециститис;
  • Срцев удар;
  • Хемохроматоза (премногу железо складирано во вашето тело);
  • Хипотироидизам;
  • Рак на црниот дроб;
  • Мононуклеоза;
  • Мускулна дистрофија (наследна болест што предизвикува прогресивна мускулна слабост);
  • Панкреатит (воспаление на панкреасот);
  • Токсичен хепатитис (воспаление на црниот дроб предизвикано од лекови или токсини);
  • Вилсонова болест (премногу бакар складиран во вашето тело).

Зголемени ензими на црниот дроб – симптоми

Некои од почестите симптоми што се јавуваат и се знак на заболување на црниот дроб се: чешање, жолтица, темна и заматена урина, жолетникава кожа и белки на очите, бледа или безбојна столица, чест замор, зголемено потење, акни и егзема на кожата, запек или дијареја, брзо зголемување на телесната тежина, лош здив, анксиозност.

Мери Спасовска-Гичева, дипл. биохем.

 

Контакт:

ПЗУ ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ

тел.: 02/20 31 905, 02/240 33 55

моб.: 071/ 30 60 19

е-пошта: lab@farmahem.com.mk

 


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, П. Фах 39, Тел: +(389 2) 2031 193, Факс: +(389 2) 2031 434, е-пошта: farmahem@farmahem.com.mk