ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ
ЗА
„ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ШУМАРСТВОТО (2027–2047) И АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА НЕЈЗИНО СПРОВЕДУВАЊЕ“
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Реф. бр. 03/07/981
Скопје, Ноември 2026 година
СОДРЖИНА:
1. Предмет на договорот за јавна набавка
5. Трошоци за поднесување на понуда
6. Разлики во цена (корекција на цени)
8. Спречување на судир на интереси
9. Појаснување, изменување и дополнување на проектната задача
10. Квалификации на понудувачите
11. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
12.1. Начин на изготвување на понудата
12.5. Период на важност на понудата
12.8. Краен рок за доставување на понудите
13. Отворање и евалуација на понудите
13.3. Доверливост на процесот на евалуација
14. Доделување и склучување на договорот
15. Рок за извршување на услугата
17. Поништување на постапката за доделување на договор
Предмет на договорот за обезбедување на услуги е „Изработка на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Северна Македонија (2027–2047) и Акционен план за нејзино спроведување“, во корист на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: МЗШВ).
Детален опис на предметот на набавката е даден во делот II Техничка спецификација – проектна задача, на оваа документација.
Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови, во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
Договорен орган е Фармахем како координатор на Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите во Северна Македонија (БРОЕ), проект финансиран од Владата на Швајцарија. Краен корисник на резултатите е МЗШВ, кој заедно со координаторот на БРОЕ ги разгледува и ги одобрува испорачаните резултати.
Оваа постапка се спроведува согласно Методологија за спроведување на постапка за доделување на договори во рамките на Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите во Северна Македонија (БРОЕ), одобрена од донаторот.
Право да достави понуда има секое заинтересирано правно лице од Република Северна Македонија, регистрирано за услуги поврзани со темата на постапката (консултантски услуги, изработка на стратегии и планови, истражување и сл.).
Во случај на група на понудувачи, групата назначува претставник кој ќе има овластување да ги извршува сите деловни активности за и во име на сите членови на групата во текот на постапката и на извршувањето на договорот. Претставникот со понудата доставува и писмено овластување потпишано од сите членови на групата. Сите членови на групата се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на обврските. Договорниот орган комуницира со претставникот на групата.
Понудувачите (или стручни лица/подизведувачи од тимот на понудувачот) со една или повеќе негативни препораки немаат право на учество или ќе бидат изземени од процесот. Негативните препораки може да ги даде донаторот или соодветните институции во државите од интерес.
Понудувачот може да учествува само со една понуда. Сите понуди во кои еден понудувач се јавува во повеќе од една самостојна и/или групна понуда ќе бидат отфрлени.
Лица што учествувале во изготвувањето на документацијата за постапката не можат да учествуваат како понудувачи или членови на група.
Понудувачот е одговорен за сите трошоци поврзани со подготовката и поднесувањето на понудата. Договорниот орган нема одговорност за овие трошоци без оглед на исходот од постапката.
Не се предвидува корекција на цените. Цените искажани во понудата на избраниот понудувач се фиксни за целото времетраење на договорот.
Понудата, целосната кореспонденција и документацијата во врска со неа се доставуваат на македонски јазик. Резимето на финалната стратегија се доставува и на англиски јазик (види дел II техничка спецификација).
Понудувачот не смее при извршување на договорот да ангажира лица кои биле вклучени во евалуацијата на понудите во оваа постапка. Во таков случај договорниот орган има право да го раскине договорот. Понудувачот ќе го пријави секој потенцијален судир на интереси, особено ако член на тимот е вработен во МЗШВ, ЈП „Национални шуми“ или во друга институција од шумарскиот сектор чии одлуки се предмет на стратегијата.
9.1. Секое барање за информација или објаснување во врска со проектната задача и другите документи се испраќа по електронска пошта на jasminka@farmahem.com.mk . Договорниот орган одговара во рок од 5 дена од приемот на пораката. Прашања може да се поставуваат најдоцна 6 дена пред истекот на рокот за доставување на понудите.
9.2. Договорниот орган го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања од понудувачите, да ја измени или дополни проектната задача, која ќе ја објави на ист начин како и јавниот повик.
10.2 Определување на соодветноста – следните критериуми мора да бидат исполнети, во спротивно понудата нема да се разгледува:
За да учествува во постапката, понудувачот доставува Изјава за докажување на способност (Прилог 3) на свој меморандум или ги доставува документите наведени подолу.
Документите од точка 11.1 не смеат да бидат постари од 6 месеци и се доставуваат во оригинал или копија потврдена од понудувачот.
Понудувачот доставува документ/потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејност поврзана со предметот на договорот во оригинал или копија заверена од понудувачот со печат и потпис на одговорното лице со назнака „Верно на оригиналот“.
Економскиот оператор ја докажува техничката и професионалната способност со задолжително доставување на следната документација:
Правното лице треба да ги ангажира следните експерти:
|
Позиција |
Минимални квалификации и искуство |
|
Раководител на тим |
|
|
Експерт за стратешко планирање |
|
|
Експерт за одгледување и обновува на шуми |
|
|
Експерт за шумски ресурси, шумарска економика и политики |
|
|
Експерт за заштита на шумите |
|
|
Експерт за шумска биолошка разновидност и климатски промени |
|
|
Експерт за заштита од ерозија и води |
|
За сите експерти потребно е солидно познавање на македонското шумарско законодавство и ЕУ законодавството и одлично познавање на англиски јазик.
Учеството на експертите во исти и/или слични проекти се утврдува од доставеното CV, a релевантното искуство се докажува со листа на референци. Како доказ за образовните и професионалните квалификации се доставуваат дипломи, сертификати, потврди или друг доказ издаден од правни лица.
Напомена: листата на референци на клучните експерти се бодува како елемент „квалитет“ од критериумот за избор на најповолна понуда. Доколку не се исполнат минималните услови, понудата се отфрла како неприфатлива.
Клучните експерти треба да бидат вработени кај понудувачот или ангажирани врз основа на договор, и да приложат Изјава за вклученост во тимот, потпишана и заверена од понудувачот (Прилог 4).
Ако се поднесува понуда како група понудувачи, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови заедно, а задолжително се доставува договор за групна понуда со распределба на активностите од проектната задача за секоја договорна страна посебно.
Понудата се изготвува во согласност со условите од проектната задача и мора да ги содржи сите елементи од образците во Прилозите 1 до 4. Образците задолжително се пополнуваат без измена на нивната форма, во спротивно понудата може да биде отфрлена како неприфатлива. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок.
Цената се изразува во [македонски денари (МКД) ].
Периодот на важност на понудата е 30 дена од денот утврден како краен рок за поднесување, во кој понудата е обврзувачка за понудувачот.
Понудувачот подготвува и доставува еден оригинален примерок во писмена форма и еден електронски примерок, потпишани од одговорното или овластено лице, спакувани во еден коверт со назнака “За Јавен повик (Реф. Бр. 03/07/981)”
Понудите се доставуваат на следнава адреса:
Ул. Кичевска бр. 1, 1060 Скопје
Краен рок е 14.12.2026 до 15:00 часот.
Понудата поднесена по истекот на рокот се отфрла како задоцнета и му се враќа на понудувачот неотворена.
Едно правно лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа лице се отфрлаат.
Отворањето на понудите не е јавно. Понудите ги отвора Комисија за евалуација и за тоа се води записник.
Комисијата за евалуација ги оценува понудувачите и понудите врз основа на следниов модел:
|
Формални барања (елиминациони) |
Да/Не |
|
Понуда поднесена во бараниот рок |
Да/Не |
|
Комплетна понуда |
Да/Не |
|
Критериуми за соодветност (елиминациони) |
Доставени |
Валидни |
|
Докази за утврдување на лична состојба (се оценува секое барање посебно) |
Да/Не |
Да/Не |
|
Докази за способност за вршење на професионална дејност |
Да/Не |
Да/Не |
|
Докази за техничка или професионална способност (се оценува за економскиот оператор и за секој експерт посебно) |
Да/Не |
Да/Не |
|
Критериуми за доделување на договор: економски најповолна понуда |
Бодови |
|
Елемент 1 - Квалитет на техничка понуда |
70 |
|
Елемент 2 – Цена на понудата |
30 |
|
Вкупно |
100 |
1 Квалитет (техничка понуда) – 70 бода
Понудата која ќе освои помалку од [35] бода за квалитет не се разгледува понатаму.
2 Финансиска понуда – 30 бода
Цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови (максималниот утврден) ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
|
Број на бодови= |
Најниска понудена цена (без ДДВ) ∗ Максимален број бодови |
|
Понудена цена (без ДДВ) |
13.2.1. Договорот се доделува на понудувачот со највисок вкупен број бодови.
13.2.2. Ако стигне само една понуда, таа мора да го исполни минималниот праг на бодови за квалитет за да биде избрана.
13.2.3. Ако најповолната прифатлива понуда е со цена повисока од планираните средства, договорниот орган преговара со понудувачот или ја поништува постапката.
13.2.4. Договорните органи го задржуваат правото да ги поканат понудувачите од потесниот избор на презентација на методологијата и работниот план.
13.2.5. Избраниот понудувач се известува писмено во рок од 5 дена од донесувањето на одлуката, а останатите по потпишувањето на договорот. Понудувачите кои не биле избрани немаат право на жалба. Информацијата за избраниот понудувач се објавува на интернет-страницата на договорниот орган.
Ниту една информација за разгледувањето, оценката и споредбата на понудите не се открива на понудувачите или на лица кои не се службено вклучени во процесот.
Дополнителни документи по истекот на рокот не се прифаќаат. Комисијата може да побара појаснување по електронска пошта, а одговорот се дава директно до испраќачот.
14.1. Нацрт-одлуката за избор на најповолен понудувач ја донесува Комисијата за евалуација заедно со извештајот за евалуација, и ја испраќа на одобрување до тим лидерот на БРОЕ.
14.2. Понудувачот чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број бодови како збир на бодовите по секој елемент, потпишува договор со координаторот на БРОЕ.
14.3. Договорот се доставува до избраниот понудувач во 2 (два) примерока на потпишување.
14.4. Избраниот понудувач е должен да го потпише договорот во рок од 7 (седум) календарски дена од денот на добивање и да го врати на договорниот орган.
Рокот за извршување е согласно проектната задача e шест месеци од денот на потпишување на договорот.
Начинот, динамиката, роковите и условите за плаќање ќе се утврдат во договорот.
Постапката може да се поништи кога:
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА: „ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ШУМАРСТВОТО (2027–2047) И АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА НЕЈЗИНО СПРОВЕДУВАЊЕ“
1. ЗА ПРОГРАМАТА ЗА БИОЛОШКА РАЗНОВИДНОСТ И ОТПОРНОСТ НА ЕКОСИСТЕМИТЕ
Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистеми (БРОЕ) е проект поддржан од Владата на Швајцарија кој се спроведува од конзорциум предводен од Фармахем, во партнерство со Helvetas Swiss Intercooperation и во соработка со Македонското еколошко друштво како подизведувач. Програмата ќе придонесе кон унапредување на заштитата на природата, ќе ја зголеми отпорноста кон климатските промени и ќе создаде нови можности за егзистенција и развој на локалните заедници во брегалнилчкиот регион.
Програмата се фокусира на три клучни столба:
За да се обезбеди одржливост на интервенциите, Програмата применува системски и пределски пристап, заснован на партнерска одговорност, интердисциплинарна соработка и интегрирано управување. Посебен акцент се става на дијалогот и соработката меѓу засегнатите страни на национално и локално ниво, родовата еднаквост и социјалната вклученост, транспарентноста, отчетноста, доброто управување и размената на знаења и искуства. Главната фаза на Програмата го опфаќа периодот од 1 октомври 2026 година до 31 декември 2027 година.
2. КОНТЕКСТ
Република Северна Македонија има потреба од нова долгорочна стратегија за шумарството, бидејќи важечката стратешка рамка треба да се прилагоди во однос на предложеното ново законодавство, институционалните реформи и обврските од процесот на пристапување кон ЕУ, и на истата важноста истекува до крај на 2026 година.
Шумите се еден од најважните природни ресурси на државата. Тие обезбедуваат дрво и недрвни шумски производи, заштита на почвата и водите, живеалишта и биодиверзитетот, складираат јаглерод и се основа за приходи во руралните заедници и економијата во целина.
Секторот Шумарство во државата е соочен со сериозни предизвици:
Во последните години во секторот се спроведуваат значајни реформи. Со поддршка на ЕУ (ИПА) се работеше на ажурирање на стратешката и правната рамка, подготовка на нов Закон за шумите, предлог за воспоставување Агенција за шуми, трансформација на јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми и развој на Интегриран шумски информациски систем (IFIS). Новата стратегија треба да ги надгради овие резултати и да ги претвори во визија и мерки за следните 20 години.
Новата Стратегија за одржлив развој на шумарството 2027–2046 покрај основната улога за визија и развој на секторот, треба и системски да ги интегрира четирите меѓусекторски теми: адаптација кон климатските промени, биодиверзитет, родова еднаквост и дигитализација во управувањето со шумите.
3. ЦЕЛ НА ПРОЕКТНАТА ЗАДАЧА
Ангажирање на надворешен оператор (консултантски тим) за изработка на Стратегија за одржлив развој на шумарството (2027–2047) и Акционен план за нејзино спроведување, што ќе служат како основа за правни, институционални и оперативни реформи во шумарскиот сектор.
Стратегијата треба да биде изготвена во согласност со Упатството за структурата, содржината и начинот на подготвување, спроведување, следење, известување и оценување на секторските и мултисекторските стратегии од Мај 2022 година и со барањата од процесот на пристапување во ЕУ (особено преговарачките поглавја за земјоделство и рурален развој и за животна средина и климатски промени), Зелената агенда за Западен Балкан, Стратегијата на ЕУ за шуми до 2030, Стратегијата на ЕУ за биолошка разновидност до 2030, Регулативата на ЕУ за дрво без дефорестација (EUDR), како и со обврските за ублажување и адаптација на климатските промени (UNFCCC, LULUCF итн).
Стратегијата мора да ги вклучи и националните специфики, така што ќе биде и локално релевантна и усогласена со европските стандарди, и да интегрира меѓусекторски теми: адаптација на климатските промени, заштита на биодиверзитет, родова еднаквост и дигитализација на управувањето со шумите.
4. ОБЕМ НА ЗАДАЧАТА
Извршителот е одговорен за целосна подготовка на стратегијата и акцискиот план, во тесна координација со МЗШВ и договорниот орган.
Задачата ги опфаќа следните активности:
1. Почетна фаза и планирање на процесот
Ориентациони изворни документи (понудувачот ги проучува во фазата на подготовка): Стратегијата 2006–2026 со изменувањата и дополнувањата; Законот за шуми и Законот за заштита на природата; Националната програма за рурален развој; Национална стратегија за природа; Националната стратегија за биолошка разновидност; националните климатски и енергетски документи; студиите и наодите од претходните проекти поддржани од ЕУ во шумарскиот сектор; програмските и планските документи на ЈП „Национални шуми“ и други релевантни документи.
2 Анализа на состојбата во шумарскиот сектор
Подготовка на секторска анализа која најмалку ги опфаќа следните области:
Анализата треба да ги утврди клучните предизвици, потреби и можности за развој и да претставува основа за дефинирање на стратешките цели и приоритети.
3 Подготовка на нацрт-стратегија
Врз основа на анализата на состојбата и оценката на претходната стратегија, извршителот треба да подготви нацрт-стратегија која вклучува:
4 Подготовка на нацрт-акциски план за спроведување
Извршителот треба да подготви нацрт-акциски план кој ја разработува реализацијата на стратешките цели и вклучува:
5 Консултации со засегнатите страни и јавноста
Консултациите се спроведуваат во текот на анализата и подготовката на стратегијата и акцискиот план, согласно планот за вклучување на засегнатите страни.
Извршителот треба да обезбеди:
6. Финализација и доставување на стратегијата и акцискиот план
По завршувањето на консултациите, извршителот треба да:
5. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАДАЧАТА
Секое заинтересирано правно лице регистрирано за услуги поврзани со темата на постапката има право на учество. Економскиот оператор може да учествува самостојно, во група или со подизведувачи. Тој треба да има искуство во реализација на слични активности и во понудата да предвиди соодветно квалификуван кадар за целиот обем на работа.
Техничката и професионалната способност се докажуваат со документацијата од точка 11.3 од Делот I (профил, референтна листа, портфолио и CV на експертите), а минималните квалификации на тимот се дадени во точка 11.3.1.
Во техничката понуда понудувачот треба да наведе листа на предвидени позиции и лица, нивната експертиза и поделбата на задачите, и да го образложи распоредот на работните дена по задачи.
6. РЕЗУЛТАТИ
Главни продукти кои треба да произлезат од оваа задача:
Сите документи се доставуваат на македонски јазик во електронска форма (уредлив формат).
6. ПЕРИОД НА РЕАЛИЗАЦИЈА
Рокот за извршување е 6 месеци од денот на потпишување на договорот. Ориентационата динамика е следнава (месеците се броjат од потпишувањето):
|
Рок |
Испорака |
|
MЕСЕЦ 1 |
Почетен извештај со детален работен план, методологија, мапа на засегнатите страни и план за консултации. |
|
МЕСЕЦ 2 |
Извештај од анализата на состојбата |
|
МЕСЕЦ 2-4 |
Консултации со засегнатите страни, две тематски работилници |
|
МЕСЕЦ 3 |
Нацрт-стратегија за периодот 2027–2047 година и нацрт-акциски план со финансиски план и рамка за следење и оцена. |
|
МЕСЕЦ 4-5 |
Јавна консултација во соработка со МЗШВ за двата нацрт-документа |
|
МЕСЕЦ 6 |
Финален документ (Стратегија и Акционен план) и извршно резиме со вклучени коментари. |
7. ТРАНСВЕРЗАЛНИ ТЕМИ
Во имплементацијата на активностите треба да се применат трансверзалните теми: родова еднаквост (учество на жени и мажи во работните групи и консултациите, родово чувствителни податоци и мерки), принципи на добро управување (транспарентност, недискриминација, ефективност, ефикасност, партиципативност, следење на законската регулатива), вклучување на социјално исклучени категории и на жителите на рурални средини зависни од шумите, како и климатска и еколошка одржливост.
8. КООРДИНАЦИЈА, ОДОБРУВАЊЕ И ПРАВА ВРЗ РЕЗУЛТАТИТЕ
Изведувачот работи во координација со работна група на МЗШВ и договорниот орган. Секоја испорака се доставува во нацрт-верзија, а МЗШВ и договорниот орган даваат коментари во рок од 10 работни дена, по што изведувачот ја доставува усогласената верзија. Сите права врз изработените документи и податоците собрани во текот на работата му припаѓаат на МЗШВ.
Врз основа на Јавен повик Реф. број 03/07/981 од Фармахем, за доделување на договор за јавна набавка „Изработка на Стратегија за одржлив развој на шумарството (2027–2047) и Акционен план за нејзино спроведување“, со спроведување на тендерска постапка согласно Методологија/правила на договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
ПОНУДА
Дел 1 – Информации за понудувачот
1.1. Име на понудувачот: ____________________________________
1.2. Контакт информации: адреса ______________________; телефон ______________________; е-пошта ______________________; лице за контакт ______________________
1.3. Одговорно лице: ____________________________________
1.4. Даночен број: ______________________
1.5. ЕМБС: ______________________
1.6. Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот согласно со Техничката и Финансиската понуда.
1.7. Нашата понуда е составена од следниве делови: пополнет образец на понуда; документи за докажување на личната состојба; документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност; докази за исполнување на техничката или професионалната способност; техничка понуда; финансиска понуда; изјава за ангажиран експертски тим; писмено овластување за претставникот на групата економски оператори (доколку станува збор за индивидуален понудувач, оваа алинеја да се избрише).
1.8. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во повикот и документацијата и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договорот.
|
Место и датум: |
Одговорно/овластено лице: |
|
(потпис и печат) |
Дел 2 – Техничка понуда
2.1. Согласни сме да ги понудиме услугите „Изработка на Стратегија за одржлив развој на шумарството (2027–2047) и Акционен план за нејзино спроведување“, во согласност со проектната задача и тендерската документација.
2.2. Се согласуваме со рокот за извршување на услугата утврден во тендерската документација.
2.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација.
2.4. Согласни сме со начинот на извршување на услугата, обемот и јазикот на изработка на потребните материјали, како и со начинот на доставување утврдени во тендерската документација.
2.5. Ја доставуваме документацијата потребна за евалуација на техничката понуда (квалитет) за трите под-критериуми.
2.6. Нашата техничка понуда е обврзувачка за нас.
2.7. Во прилог доставуваме методологија и работен план за спроведување на проектната задача (пристап кон анализата на состојбата, изработка на Стратегијата и Акцискиот план, консултации со засегнатите страни, распоред на активности, организација на тимот и ризици).
|
Место и датум: |
Одговорно/овластено лице: |
|
(потпис и печат) |
Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: ______________ [со цифри] ______________________________________ [со букви] [валута].
Вкупниот износ на ДДВ изнесува ______________ [валута].
Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација и во целост ги прифаќаме условите предвидени во неа.
|
Место и датум: |
Одговорно/овластено лице: |
|
(потпис и печат) |
ИЗЈАВА
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека за ______________________ [се наведува назив на економскиот оператор] не постојат причини за исклучување од постапката, како и дека во целост ги исполнува бараните услови за утврдување на способноста наведени во тендерската документација за реализација на предметот на набавката по Јавен повик бр. [03/07/981] за доделување на договор за услуги со предмет „Изработка на Стратегија за одржлив развој на шумарството (2026–2046) и Акционен план за нејзино спроведување“.
Истовремено изјавувам дека ги имам на располагање сите потребни документи за докажување на исполнувањето на бараните услови, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
|
Место и датум: |
Одговорно/овластено лице: |
|
(потпис и печат) |
Изјава за лица одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, по Јавен повик [03/07/981]
Изјавувам дека од ______________________ (назив на понудувачот) за реализација на предметот на набавката по Јавен повик бр. [03/07/981], односно за извршување на задачите предмет на договорот „Изработка на Стратегија за одржлив развој на шумарството (2026–2046) и Акционен план за нејзино спроведување“, ќе биде ангажиран следниот тим:
|
Позиција |
Име и презиме |
|
Раководител на тим |
|
|
Експерт за стратешко планирање |
|
|
Експерт за одгледување и обнова на шуми |
|
|
Експерт за шумски ресурси, шумарска економика и политики |
|
|
Експерт за заштита на шумите |
|
|
Експерт за шумска биолошка разновидност и климатски промени |
|
|
Експерт за заштита од ерозија и води |
Горенаведените лица, одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, ќе бидат ангажирани и достапни за целото времетраење на реализацијата на договорот.
Предложените лица се исклучиво ангажирани само за оваа цел и нема да бидат ангажирани од друг економски оператор за извршување на задачите предмет на конкретната набавка, односно нема да учествуваат во друга понуда за извршување на задачите предмет на договорот, во спротивно прифаќаме нашата понуда да биде отфрлена како неприфатлива.
|
Место и датум: |
Одговорно/овластено лице: |
|
(потпис и печат) |