ТУМОРСКИ МАРКЕРИ ЗА ПРОСТАТА

PSA и FPSA се протеини кои се создаваат во клетките на простата.

PSA тестот има големо значење за дијагноза, прогноза и успешност во лекувањето на карциномот на простата, кој е втор најчесто дијагностициран карцином кај мажите над 50-годишна возраст.

PSA тестот треба да го прават сите здрави мажи над 50-годишна возраст и мажите над 40-годишна возраст доколку во нивното најтесно семејство (татко или брат) имало заболени од карцином на простата. Во нормална концентрација маркерот во крвта е присутен кај сите здрави мажи.

Зголемени вредности на PSA претставуваат важен индикатор за можно присуство на карциномот на простата. Но, покачената вредност на PSA не мора секогаш да значи постоење на карцином. Можно е пациентот да има бенигна хиперплазија или воспаление на простата (простатитис).

За откривање на малигнитетот потребно е да се изработат PSA и FPSA и пожелно е да се одреди индексот FPSA/PSA.  Индексот кај здрави лица треба да биде повисок од 18 %.

Доколку индексот е понизок треба да се направат дополнителни испитувања за да се исклучи карциномот на простата.

Одредувањето на PSA се користи за следење на состојбата на мажите по операција или по зрачењето од рак на простата.

Примерокот се зема од венска крв. Пациентот треба да се информира да се воздржи од ејакулација и сексуални односи 24 часа пред земање на примерокот, да не вози интензивно велосипед и после ректално туше треба да помине најмалку една недела. Секоја дразба на простата може да ја зголеми вредноста на PSA.

Како превенција многу се значајни редовни контроли на PSA и FPSA тестовите, за да може лекарот навреме да спроведе соодветна терапија.

Туморските маркери PSA и FPSA се изработуваат во ПЗУ Дијагностика Фармахем.

 

д-р Миланка  Пајковска

спец. по медицинска биохемија

 

ПЗУ ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ
тел.: 02/20 31 905, 02/240 33 55
моб.: 071/ 30 60 19
е-пошта: lab@farmahem.com.mk


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk