HbA1c

 

Конценрацијата на гликоза во крвта е поврзана со вредноста на HbA1c. Гликозата во крвта е вредност којашто покажува колкава е концентрацијата на гликоза во крвотокот во моментот. Вредностите се изразени во mmol/L . Нормалните вредности се движат од 4,2 до 6,1 mmol/L. Нивото на гликозата варира во текот на денот.

HbA1c го  дава просекот на шеќерот (гликозата) во последните 3 месеци (12 недели) и се препорачува да се прави најмалку еднаш во 12 месеци, доколку нема големи варијации на гликозата во крвта. Ако има варијации, се проверува и на 3 или 6 месеци. HbA1c е показател како e контролиран дијабетесот.

HbA1c се создава кога хемоглобинот, протеин во црвените крвни клетки (еритроцити) којшто го носи кислородот низ телото, се врзува со гликозата во крвта и станува „гликолизиран“. За дијабетичарите е многу важно да се контролира  HbA1c, бидејќи колку се повисоки вредностите, толку е поголема можноста за развој на компликации коишто се поврзани со дијабетесот. Еритроцитите живеат во телото 8-12 недели пред да бидат заменети. Поради ова, тестирањето на HbA1c се прави на минимум 3 месеци.

Резултатите од HbA1c најчесто се даваат на два начина, или во %, или во mmol/mol. Како интернационална референтна вредност е прифатена mmol/mol. Подолу е прикажана табелата за споредба на концентрацијата на гликоза во крвта и вредностите на HbA1c.

HbA1c
(%)

HbA1c
(mmol/mol)

Просек на гликозата во крвта (mmol/L)

13

119

18 mmol/L

12

108

17 mmol/L

11

97

15 mmol/L

10

86

13 mmol/L

9

75

12 mmol/L

8

64

10 mmol/L

7

53

8 mmol/L

6

42

7 mmol/L

5

31

5 mmol/L

Односот на HbA1c и нивото на гликозата во крвта

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За луѓе кои немаат дијабетес, нормалните вредности за HbA1c се движат меѓу 4 и 6,5% Вредностите на HbA1c од 5,7 до 6,4% покажуваат дека имате зголемен ризик од добивање дијабетес. Додека вредностите од 6,5% па нагоре кажуваат дека имате дијабетес.

Комбинацијата од внимавање при исхраната, вежбање и земање соодветни лекови може да го намали овој просек на шеќерот.

Луѓето кои имаат проблем со анемија (намалена концентрација на хемоглобин), може да добијат погрешни вредности со овој тест. Други фактори коишто влијаат на овој тест се користењето поголеми дози витамин Ц и Е, повисоки вредности на холестерол, како и пациенти со заболувања на црниот дроб и бубрезите. Овие фактори треба да се земат предвид при правењето на HbA1c.

Мери Спасовска-Гичева, дипл. биохем.

 

Контакт:

ПЗУ ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ

тел.: 02/20 31 905, 02/240 33 55

моб.: 071/ 30 60 19

е-пошта: lab@farmahem.com.mk

 


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, П. Фах 39, Тел: +(389 2) 2031 193, Факс: +(389 2) 2031 434, е-пошта: farmahem@farmahem.com.mk