Подготовка пред земањето крв за испитување крвни анализи

Зошто не треба да се јаде пред испитувањето на крвта?

Ако вашиот лекар Ви кажал дека треба да направите тест на крвта, тоа значи дека не треба да јадете или да пиете ништо, освен вода, неколку часа пред да направите тест. Кога јадете и пиете нормално, таа храна и пијалаци се апсорбираат во вашиот крвоток. Тоа може да влијае врз резултатите од одредени типови тестови на крвта.

За какви видови тестови на крвта е потребено гладување?

Најчестите типови тестови коишто бараат гладување се :

Тестови за гликоза, со кои се мери шеќерот во крвта.

Еден вид тест за гликоза се нарекува тест за толеранција на гликоза ОГТТ. За овој тест ќе треба да гладувате 12 часа пред тестот. Кога ќе пристигнете во лабораторија или во здравствена установа, ќе Ви се земе крв, ќе Ви дадат да испиете специјална течност што содржи гликоза, па повторно ќе Ви се земе крв два часа подоцна.

Овој тест се користи за дијагностицирање дијабетес.

Другиот вид тест е за одредување на моменталното ниво на гликоза во крвта како рутинска анализа.

Тестови за мерење на липидите (маснотиите)

Со нив се мерат триглицеридите, тип на маснотии што се наоѓаат во крвотокот, и холестеролот, восочна супстанција слична на маснотиите, којашто се наоѓа во крвта и во секоја клетка од телото. Високото ниво на триглицериди и/или еден вид холестерол, наречен ЛДЛ, може да Ве изложи на ризик од срцеви заболувања.

Колку време треба да гладувам пред тестот?

Обично не треба да јадете 12 часа пред тестот. Повеќето тестови коишто бараат гладување се изведуваат рано наутро. На тој начин, поголемиот дел од вашето време на гладување ќе биде преку ноќ.

Дали може да пијам нешто друго освен вода за време на гладувањето?

Не. Сок, кафе, сода и други пијалаци може да влезат во крвотокот и да влијаат врз Вашите резултати. Покрај тоа, не треба да се џвака мастика, да се пушат цигари, да се вежба.

Овие активности, исто така, може да влијаат врз вашите резултати.

Но, може да пиете вода. Всушност, потребно е да пиете вода пред да направите тест на крвта. Тоа помага да се задржи повеќе течност во вените, што може да го олесни вадењето крв.

Може ли да земам лекови за време на гладувањето?

Прашајте го Вашиот матичен лекар. Во повеќето случаи може да ги земате вообичаените лекови, но можеби ќе треба да избегнувате одредени лекови, особено ако треба да се земаат со храна.

Што ако направам грешка и ако земам нешто за јадење или пиење, покрај вода, за време на моето гладување?

Кажете му здравствениот работник пред да направите тест. Тој или таа може да го презакаже тестот за другпат, кога ќе може да го завршите успешно гладувањето.

Кога ќе може повторно да јадам и да пијам нормално?

Штом ќе заврши тестот. Можете  да понесете ужинка со вас, за да може веднаш да јадете.

Дали има нешто друго што треба да го знам за гладувањето пред тестот на крвта?

Обратете се кај Вашиот лекар или здравствениот работник, доколку имате какви било прашања или грижи за гладувањето пред да направите лабораториски тестови. Повеќето тестови не бараат гладување или други специјални подготовки. За некои, можеби ќе треба да избегнувате одредена храна, лекови или активности.

Со преземањето на вистинските чекори пред тестирањето, може да бидете сигурни дека Вашите резултати ќе бидат точни.

 

Контакт:

ПЗУ ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ

тел.: 02/20 31 905, 02/240 33 55

моб.: 071/ 30 60 19

е-пошта: lab@farmahem.com.mk



.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk