ФАРМАХЕМ - Пример за успешна општествено одговорна фирма

 

Од самите почетоци, Фармахем се раководи според принципите на општествено одговорно и одржливо управување за што сведочат бројните награди и признанија, меѓу кои и престижното јубилејно признание за континуирано спроведување успешни општествено одговорни практики во периодот 2007–2017 година. Минатата година повторно се закитивме со национално признание за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2021 година. Признанието го освоивме во  категоријата „вложување во  заедницата“ за проектот „Со мали чекори до подобро утре!“. Фармахем го одбележа Меѓународниот ден на семејството ‒ 15 мај 2022 година со дружење со семејствата на вработените преку уредување на дворот на Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево, а во рамките на Денот за садење медоносни растенија, Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), координирана од Фармахем, обезбеди 500 садници медоносни растенија за членовите на здружението „Меден Исток“. 

Тимот на Фармахем цврсто ги следи процедурите за квалитет согласно со стандардот ISO 9001:2015 за кој сме акредитирани од 2003 година и се грижи за животната средина.

Големиот број признанија што ги има добиено Фармахем, како и позитивните оценки коишто ги имаат добиено нашите проекти, го оправдуваат епитетот „Фармахем – една од водечките фирми од областа на трговија со лабораториска опрема и инструменти и еколошки консалтинг во Р. Македонија“.

Повеќе информации за сите досегашни ООП проекти и активности на Фармахем може да погледнете на следниот линк: https://www.farmahem.com.mk/opshtestvena_odgovornost.

 

Одговорни лица за ООП во Фармахем:

Марјана Шушлевска

Александра Петровска-Горин



.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk