Систем за управување со ISO 9001:2015
ФАРМАХЕМ од 2003 година поседува систем за управување со квалитет според стандардот ISO 9001:2015 од реномираната фирма Quality Austria.
Сертификат ISO 9001:2015
Сертификат IqNET
Сите набавки и испораки се вршат спрема процедурите и постапките пропишани со ISO стандардот.
Политика за квалитет на ФАРМАХЕМ
Трајната определба – клучот за успехот на ФАРМАХЕМ се темели врз следниве принципи – начела:
- Широк асортиман на производи и услуги со цел задоволување на строгите барања на пазарот - купувачите;
- Посветеност на заштита на животната средина и општествената одговорност;
- Почитување на човековите права и слободи и не вршење дискриминација по ниеден основ (пол, возраст, раса, вероисповест, националност, етничка припадност и др.);
- Стремеж кон постојана надградба, усовршување и воведување новини во работењето врз основа на ефикасни деловни процеси, добро дефинирани мерни параметри, употреба на најдобри искуства и истражувања/ анкети спроведени меѓу купувачите;
- Континуирано подобрување на условите за работа, мотивирање и подигнување на свеста за тимска работа;
- Задоволување на барањата на сите инволвирани страни во работењето: вработените, купувачите, сопствениците и раководството на компанијата;
- Градење заеднички профитабилен однос со купувачи на долги патеки како преку разбирање за нивните барања и потреби така и за барањата и потребите на нивните клиенти;
- Развивање на партнерски односи со добавувачите кои се бараат според нивната способност редовно да ги исполнуваат утврдените барања во однос на Системот за управување со квалитет;
- Долгорочна соработка со светски реномирани фирми;
- Креирање и обезбедување на препознатлив имиџ кој ќе обезбеди профит, ликвидност и социјален статус на вработените;
- Исполнување на нашите обврски кон купувачите кои се однесуваат на квалитетот, цената, роковите на испорака и 24 часовна постпродажната поддршка за одржување и сервис и апликативна поддршка преку високо квалификуван и обучен кадар;
- Постојано подобрување на квалитетот на производите и услугите согласно барањата на купувачите и со цел зголемување на задоволството, лојалноста и довребата кај купувачите;
- Примена и спроведување на пропишаните законски барања, стандарди, регулативи и други акти;
- Постојано унапредување на економската логика на работењето (поголем профит со помали трошоци);
- Политиката за квалитет на Фармахем е достапна за сите вработени и на јавноста.
ЗА ПОДОБАР КВАЛИТЕТ!
Лице одговорно за управување со квалитет
Александра Петровска-Горин
.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................