XP-300 е автоматски хематолошки анализатор кој дава 3-диференцијална крвна слика со 20 параметри во мод на полна крв и во мод со пре-дилуција. Издвојувањето на неутрофилите како посебна група на бели крвни клетки е од огромно клиничко значење. Работи во отворен мод со брзина од 60 анализи на час и примерок од 50 µL. Поседува LCD екран во боја, вграден термален печатач и бар-код читач со кој се овозможува безбедно, едноставно и брзо вчитување на реагенсите. Има можност за приклучување во „on-line“ систем за надворешна контрола на квалитет „SNCS IQAS On-line“, акредитиран согласно со ISO/IEC 17043.