Серолошки тестови

Брзи тестови

Во нашето портфолио имаме COVID-19 брзи тестови од производителот Cellex Inc, САД.

 

Тоа е првиот брз тест за COVID-19 одобрен од Агенцијата за храна и лекови од САД (FDA) и препорачан тест од Светската здравствена организација (СЗО). Се работи за IVD продукт со CE марка.


  • Сензитивност (PPA-Positive Percent Agreement): 93.8% (120/128)
  • 95% Confidence Interval: 88.2% до 96.8%
  • Специфичност (NPA-Negative Percent Agreement): 96.0% (240/250)
  • 95% Confidence Interval: 92.8% до 97.8%

 

Потребен е 10 μL примерок од серум, плазма или полна крв и резултатот е готов за 15 минути.

повеќе

ELISA китови

NovaLisa® SARS-CoV-2 (COVID-19) IgG

NovaLisa® SARS-CoV-2 (COVID-19) IgA

NovaLisa® SARS-CoV-2 (COVID-19) IgM

Ви ги претставуваме новите Enzyme-Linked Immunosorbent Assays (ELISA) китови, наменети за квалитативно одредување на антителата кон SARS-CoV-2 во хуман серум или плазма, како дополнување на дијагностиката на  COVID-19:

• Одвоена детекција на IgG, IgA и IgM антителата;

• SARS-CoV-2 Nucleocapsid recombinant antigen;

• Идеално надополнување на RT-PCR анализите;

• Подготвени-за-употреба контроли;

• Резултати за помалку од 2 часа;

• Процедура која лесно се аплицира на повеќето ELISA системи (потребен е филтер на 450 nm бранова должина);

CE-IVD.

ELISA тестовите се брза методологија, идеална за скрининг, лесно апликативна и распространета во лабораториите

Серолошките тестови за  SARS-CoV-2 се исклучително барана методологија со која може да се добие вистинска слика за вкупиот број на инфицирани лица со COVID-19. Непходно е да се знае за развивањето имунитетот кон потенцијална реинфекција за да може да се идентификуваат индивидуите коишто развиле антитела кон вирусот, особено меѓу здравствените работници кои се на првата линија во борбата со COVID-19.

ELISA тестовите ги надополнувааат COVID-19 тестирањата со RT-PCR

Комбинацијата на  PCR со ELISA претставува значајна дијагностичка алатка која обезбедува сеопфатна дијагноза на COVID-19. RT-PCR е особено сензитивна метода која идицира постоење на вирусна инфекција уште во рани стадиуми на заболувањето. Тестовите базирани на антитела  детектираат прележана инфекција и ни откриваат каков е активниот имун одговор на вирусот во далеку поголем временски интервал од PCR, со што претставуваат значајна алатка во серолошката дијагностика која овозможува и понатамошни епидемиолошки истражувања.

повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk