Имунохистохемија (IHC)

Имунохистохемија (IHC)

Со користење на оптимизирани реагенси на AutoStainer Link48 со pharmDx (Link) китовите, FLEX антитела подготвени-за-употреба и EnVision FLEX системи за визуелизација се гарантира добивање на оптимални резултати по валидирана метода.

 

Технички карактеристики на DAKO AutoStainer Link48:

  • симултано боење на 48 стакла одеднаш во серија со повеќе различни протоколи за помалку од три часа. Можност за процесирање на 96 стакла за време на еден работен ден со користење на еден Autostainer Link 48 и еден PT Link (инструмент за предтретман на ткивни пресеци) со паралелно процесирање;
  • капацитет од 42 позиции за реагенси и избегнување на можноста за човечка грешка поради бар-кодирани реагенси и стакла;
  • можност за работа преку ноќ со одложен старт;
  • потполна следливост и генерирање на извештаи врз основа на индивидуалните стакла, пациенти, протоколи и реагенси;
  • одвојување на токсичниот отпад на: опасен (hazardous) и растворлив во вода;
  • двонасочно поврзување со LIS (лабораториски информациски систем), можност за читање на оригинални LIS бар-кодови;
  • содржината на налепниците за стаклата e програмабилна и дефинирана од страна на корисникот;
  • поврзување до три инструменти на ист компјутер преку DakoLink софтверот заедно со три PT Link инструменти. 

 

PT Link e едноставен систем за предтретман кој ја оптимизира константноста на обојувањето. Флексибилните опции овозможуваат индивидуална оптимизација на процесот на предтреман. Опцијата за предзагревање на пуферот му овозможува на корисникот да избере температура помеѓу 30 °C и 85 °C. Овој апарат овозможува и однапред да се програмира времето на започнување на третманот. PT Link воедно нуди и опција за невриење, како и предупредување за ниско ниво на течност.

повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk