Dako CoverStainer апаратот нуди врвно H&E решение кое целосно го автоматизира процесот на боење со хематоксилин и еозин. Овој апарат им ја нуди на лабораториите потребната флексибилност, давајќи константни високо-квалитетни резултати, максимизирајќи ја продуктивноста на лабораторијата, како и оптимизирајќи ја потрошувачката на ресурси. Ова е ефикасен, безбеден и точен избор за Н&E. Нашето H&E решение е комбинација од напредниот систем DakoCoverStainer со реагенси спремни за употреба, валидиран, оптимизиран протокол за работа, како и интелигентен, автоматизиран систем за работа со реагенсите (DakoRMS).
Dako CoverSlipper апаратот е мал, компактен и брз инструмент, кој е совршена комбинација од ефикасност и едноставност на дизајн и кој има за цел да ја подобри продуктивноста на лабораторијата. Ова е одлично решение и за мали и за големи лаборатории на кои им се потребни веродостојни и конзистентни резултати при изработката на препарати.