Дигитална патологија

Дигитална патологија

Документација од досиеата на пациентите? Учење? Обука? Објавување на труд? Потреба од правни докази? Сите овие прашања имаат заеднички одговор: обезбедување HD слики /видеа.

Макро/микро дигиталното снимање овозможува брз, точен и репродуцибилен опис, како и создавање на база на податоци за сликите.

Нашиот најдобро продаван дигитален систем, MacroPATH pro-x, за прв пат се појави во 1998 година. Денес, тој нуди широк спектар на персонализирани конфигурации, вклучувајќи ја и можноста за инсталирање на системот на нашата нова линија за преземање на примероци наречена „Workstation“. MacroPATH pro-x може да го документира рачното преземање на примероците при ракување со мали биопсии (40–60 % од примероците). Со најновата достапна дигитална камера, ефикасноста на MacroPATH pro-x е незаменлива, со што го прави преземањето, дури и на многу мал примерок, едноставен и брз чекор.

20 години истражување и развој на дигиталните системи за преземање на примероци, го доведоа MacroPATH pro-x до неговите најдобри перформанси, со можност за прилагодување на потребите на секој клиент.

Истото ниво на експертиза е пренесено на LeanSTATION, првата работна станица за макродигитализација на ситни биопсии.

Фокусот на Milestone на работните станици за преземање на примероци, доведе до дизајнирање на две иновативни работни станици за дигитално документирање на мали биопсии и хируршки процес на дисекција: WorkSTATION и eGROSS.

 

 

повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk