Процедурата за обработка на ткивата, каква што е позната денес, за прв пат беше воведена во 1909 година и оттогаш многу малку е изменета. Денешните барања се различни, како од пациентите, така и од медицинскиот персонал, кои очекуваат нови перформанси и навремени одговори.
Oваа технологија драстично го намалува времето за обработка на примероците, а пациентот добива квалитетна дијагноза за пократко време, намалувајќи го неговиот страв од чекањето на резултатите и кога е неопходно, веднаш да започне со терапија.
Од друга страна, новите ткивни процесори на Milestone ја зголемуваат продуктивноста на лабораторијата или болницата и ги редуцираат севкупните и оперативните трошоци.
Со валидираниот процес без ксилен, процесорите на Milestone стануваат идеален избор за предизвиците со кои се соочуваат модерните патолошки лаборатории.
Ткивниот процесор наречен LOGOS има режим на работа без циклуси за чистење што значи скратено време за ракување и овозможување на непрекинато работење.
Освен тоа, крајното решение наречено Synergy е „сé-во-едно“ систем за обработка и автоматско калапење на ткивата. Овозможува прескокнување на чекорот на рачно калапење со парафин со тоа што од ткивниот процесор LOGOS со Synergy се добиваат касети подготвени за ладење на ладна плоча и за сечење на микротом.
MAGNUS е резултат на 30 годишното искуство на Milestone кое резултира со патентирана хибридна технологија на процесирање. Нуди голема флексибилност за сите ткива и типови на касети и континуирано деноноќно работење. Може да работи без ксилол и ја проверува чистотата на алкохолот пред секој чекор со помош на опционален сенсор.