Пред-аналитичката линија на Milestone е иновативно и комплетно портфолио на системи и додатоци за транспорт, земање и фиксација на примероците и може критично да влијае на квалитетот на целиот процес во хистолошките лаборатории. Од 2009 година, Milestone нуди линија на системи за вакуумски трансфер за биопримероци, овозможувајќи зачувување на „свежи“ вакуумски запечатени примероци и постојано мониторирање на температурата, како и времето на примероците, од хируршката сала до лабораторијата. Чекорот на фиксација е клучен чекор за обезбедување сигурни имунохистохемиски (IHC) и испитувања за молекуларна биологија.
Со TissueSAFE plus и SealSAFE, патолошките лаборатории конечно имаат целосна контрола на процесот на фиксација, која може да се стартува и да се извршува под документирани услови и надгледувана од лабораторискиот персонал. Системите за вакуумирање TissueSAFE plus и SealSAFE се најпосакуваното решение од страна на корисниците, а денеска Milestone може да смета на стотици институти каде што конечно се обезбедени поздрави работни услови. Овие системи овозможуваат елиминација или контрола на изложеноста/волуменот на формалин, канцерогена хемикалија, од хируршки сали и лаборатории.
UltraSAFE е најнов модел на систем за фиксација на примероците кој автоматски ги полни кантите со формалин. Го дозира потребното количество на формалин на стандардизиран и документиран начин, безбеден за употреба поради начинот на затворање на кантите без можност за истурање на фиксативот.