HER2 IQFISH pharmDx кит

HER2 IQFISH pharmDx кит

HER2 IQFISH pharmDx е in-situ хибридизационен (FISH) тест базиран на новата, брза IQFISH хибридизациона технологија на Dako. IQFISH хибридизациониот пуфер е нетоксичен и овозможува брза хибридизација на ДНК пробата за само 60–120 мин. Благодарение на краткото хибридизационо време, потребни се само 4 часа за изведување на целоснo FISH-обојување, од депарафинизација до вклопување.   

HER2 IQFISH pharmDx е дизајниран за квантитативна детерминација на амплификацијата на HER2 генот во формалин-фиксирани, парафин-вградени (FFPE) ткивни примероци од канцер на дојка и FFPE примероци од пациенти со метастатски гастричен или гастроезофагијален аденокарцином. Амплификацијата на генот се одредува преку односот меѓу бројот на сигналите од хибридизацијата на HER2 генската проба (црвени сигнали) и бројот на сигналите од хибридизацијата на CEN-17 пробата од референтниот хромозом 17 (зелени сигнали).

HER2 IQFISH pharmDx помага во одредување на потребата од примена на Herceptin® третман кај гастрични пациенти и примена на PERJETA™ или KADCYLA™ третман кај пациенти со канцер на дојка. Резултатите од HER2 IQFISH pharmDx  треба да се користат заедно со анализите кои моментално се употребуваат за прогнозирање на пациенти позитивни за канцер на дојка, стадиум II.

HER2 IQFISH pharmDx е целосен систем кој ги содржи сите потребни реагенси за изведување на 20 анализи. Во прилог има и валидирана стандардна процедура и работно упатство.

HercepTest, Herceptin®, PERJETA™ и KADCYLA™ се заштитен знак на Genentech, Inc. и/или F. Hoffmann-La Roche Ltd. Ексклузивната лиценца за HercepTest ја има Dako Denmark A/S.

повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk