PD-L1 IHC 28-8 pharmDx е квалитативен имунохистохемиски тест кој употребува моноклонални Rabbit Anti-PD-L1, клон 28-8 , за детектирање на PD-L1 протеинот во формалин-фиксирани, парафин-вградени (FFPE) несквамозни клетки од канцер на бели дробови (NSCLC) и во сквамозни клетки од канцер на главата и вратот, како и во меланомски ткива, со употреба на EnVision FLEX системот за визуелизација на Autostainer Link 48.
Експресијата на протеинот PD-L1 е дефинирана како процент на туморски клетки чии мембрани се целосно или делумно обоени, независно од интензитетот, според директивата за интерпретација наведена во упатството за употреба (IFU).
Несквамозен NSCLC
PD-L1 експресијата детектирана во несквамозни NSCLC, со PD-L1 IHC 28-8 pharmDx, може да се поврзе со зголемен процент на преживување на пациентите коишто примаат OPDIVO® (nivolumab).
SCCHN
PD-L1 експресијата детектирана во SCCHN, со PD-L1 IHC 28-8 pharmDx, може да се поврзе со зголемен процент на преживување на пациентите коишто примаат OPDIVO® (nivolumab).
Mеланом
PD-L1 експресијата детектирана во во меланом со PD-L1 IHC 28-8 pharmDx може да се користи кај пациенти при одредувањето на третман со комбинација на OPDIVO® (nivolumab) и YERVOY® (ipilimumab).
Уротелијален карцином (UC)
PD-L1 експресијата детектирана во уротелијален карцином, со PD-L1 IHC 28-8 pharmDx, може да се поврзе со зголемен одговор од OPDIVO® (nivolumab).
PD-L1 IHC 28-8 pharmDx кит
Китот содржи реагенси потребни за имунохистохемиско обојување (со исклучок на пуфер за перење), контролни препарати со различни степени на експресија на PD-L1 протеинот, како и детално упатство за работа. Китот е специфично подготвен за работа на Autostainer Link 48. Еден кит е доволен за изработка на 50 теста (50 препарати инкубирани со моноклонални зајачки-антитела за PD-L1 и 50 препарати инкубирани со соодветната негативна контрола, вкупно 100 препарати).