Нашето pharmDx Solution е сé-во-еден pharmDx кит кој нуди оптимални дијагностички резултати. Точните резултати коишто се добиваат уште првиот пат, овозможуваат одредување на соодветна терапија за секој пациент. Главната цел на pharmDx е персонализираната медицина.
Валидираните китови имаат точна специфичност и сензитивност. Точните резултати кои се добиваат уште при првата анализа, ја намалуваат потребата од повторување на анализите, а воедно го олеснуваат одредувањето на терапијата за секој пациент. Ја подобруваме негата на пациентите благодарение на брзината на изведување на тестовите и намалување на периодот од биопсијата до дијагнозата.