Примарните антитела се наменети за употреба на ткивните пресеци. Поликлоналните антитела доаѓаат како цел серум, Ig фракции, F(ab')2 фрагменти или афинитет изолирани. Моноклоналните антитела најчесто доаѓаат како супернатанти, изолирани од ткивни култури или прочистени од супернатанти од култури. FLEX RTU IR серијата е дизајнирана за инструментот Autostainer Link 48. Коктелите од антителата даваат две обојувања при реакцијата на боење на еден ткивен препарат. Повеќенаменските антитела се концентрирани поликлонални антитела коишто можат да се користат во имунохистохемија, но и во други техники. Секундарните антитела примарно се користат за амплификација на антитело-антиген реакцијата. Контролните реагенси се приспособени како квалитативни негативни контроли за примарните антитела. Сите антитела за имунохистохемија се во течна форма и содржат антимикробно средство.