Огласи за вработување

Фармахем ДООЕЛ - Скопје има потреба од техничар во аналитичката лабораторија на Фармахем

Важи до 22.06.2026

Сервисер за мерни инструменти за аналитички лаборатории

Важи до 22.06.2027

Фармахем ДООЕЛ - Скопје има потреба од техничар во аналитичката лабораторија на Фармахем

Опис на работното место:

  • Земање примероци на височина, понекогаш во екстремни амбиентални услови;
  • Работа со рачен алат и инструменти со тежина над 20 kg;
  • Составување и чистење опрема, теренска работа и асистенција при мерења на стручните соработници;
  • Земање примероци вода и почва и поставување опрема за мерење на амбиентен воздух  по насоки на стручни соработници;
  • Чистење на лабораториска стакларија.

Позицијата е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Потребни квалификации:

  • Средно техничко образование;
  • Способност за самостојна и тимска работа, комуникациски вештини и проактивност, приспособување на нови и различни задачи, комуникативност, одговорност, мотивираност и желба за учење нови работи;
  • Подготвеност за патувања и работа на терен;
  • Подготвеност за работа на височина, со опрема над 20 kg, понекогаш во екстремни работни услови, познавање на работа со основен рачен алат;
  • Искуство во сервисирање и поправка на инструменти ќе се смета за предност;
  • Подготвеност за учење и усовршување;
  • Основно познавање англиски јазик (пишување и зборување);
  • Основно познавање Microsoft Office и Internet;
  • Поседување Б возачка дозвола и активно возење.
  • Предност ќе имаат кандидатите со претходно искуство работа на терен;

Бараме:

  • Посветена личност која ќе биде препознатлива по знаење, одговорност и искрен пристап кон работните задачи;
  • Личност која нема да се штеди себеси – туку ќе вложи енергија, време и љубопитност за да ги заврши сите обврски навремено и квалитетно;
  • Личност која ќе сака да учи нови работи, да применува техничка документација и да го применува наученото директно во секојдневната работа;
  • Подготвеност за тимска работа со колегите.

Нудиме:

  • Работа во стабилна и растечка компанија;
  • Стабилен работен однос и редовна плата;
  • Атрактивна и динамична работа;
  • Работа во пријатна, мотивирачка и професионална средина;
  • Можност за напредок и дополнителна обука;
  • Долгорочна соработка;

 

Позицијата е со седиште во Скопје.

Работно време од 08:00–16:00 h (понеделник–петок).

 Начин на аплицирање:

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на farmahem@farmahem.mk

најдоцна до 22.06.2026 г.

Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.



.......................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk