Имплементирање на стандард MAMFORCE©

Фармахем е добитник на грант во 2019 година за имплементирање на стандардот „MAMFORCE“ и во декември 2019 доби благодарница за својата заложба да го импементира стандардот, да го унапреди балансот меѓу работата и приватниот живот, а со тоа да стане семејно и родово одговорна компанија.

MAMFORCE COMPANY© е признат знак за квалитет со кој работодавачот ја потврдува својата компетенција во спроведувањето на политиката на семејна одговорност и родова еднаквост со управување на човечките потенцијали. Тоа се компании кои преку серија на одговорни политики и бенефиции за вработените го олеснуваат усогласувањето на приватните и деловните обврски и обезбедуваат услови за непречен развој на кариерата, без оглед на родителството и полот.

Од самите почетоци во 1990 година, Фармахем ги негува вредностите и културата на взаемно почитување, доверба, меѓусебно разбирање, грижа и слух за потребите на вработените и еднакви можности за усовршување, напредување и развој на сите. Со стандардизацијата сметаме дека во услови кога на пазарот на трудот има недостаток на квалитетен стручен кадар, информацијата дека таков стандард е импементиран и дека тоа навистина функционира ќе помогне во голема мера за привлекување на квалитетен стручен кадар при идната потреба од нови вработени, но и да послужиме како пример за остантите мали и средни комапании во нашата држава дека можно е да се биде профитабилна, а воедно и семејно и родово одговорна компанија.


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk