Работник на годината 2022 – Катерина Атанасовска и Лидија Мицевска

Лидија Мицевска и Катерина Атанасовска ја освоија наградата за најдобар работник во 2022 година. 

Тие беа номинирани заедно со колегата Борче Коларски.

Лидија ја освои наградата заради нејзината ефикасност, трудољубивост, пожртвуваност и максимална посветеност на работата. Во текот на целата 2022 година, секторот финании беше со редуциран број на вработени при што Лидија успеваше да ги држи работите под контрола и сите обврски да се завршуваат навремено, ефикасно  и прецизно.  

Катерина ја освои наградата за својата колегијалност, ведриот дух, позитивност и подготвеност секогаш да се помогне на колегите, како од својот, така и од другите сектори во Фармахем. Учествуваше во спроведување на процесот за прогласување на Вевчани на листата на топ 100 светски зелени дестинации за 2022 година. Со надворешните соработници исто така секогаш има професионален однос со огромна доза на трпение и желба за решавање на тековните предизвици. Кате секојдневно дава огромен личен придонес кон успешноста на Фармахем.

Анонимното гласање се спроведе online во четврток, 13 април, а прогласувањето на наградите се одржа на 2 мај 2023.


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk