Оглас за работно место

ПЗУ Дијагностика Фармахем - Скопје има потреба од: 

Медицински лаборант со положен државен испит

Барања за позицијата:

  • завршено средно образование - медицински лаборант со положен државен испит;
  • познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet);
  • познавање на англиски јазик (пишување и зборување);
  • предност ќе имаат кандидати со претходно работно искуство во областа;
  • дополнително предност ќе имаат кандидати со способност за извршување повеќе работни задачи истовремено, приспособување на нови и различни задачи, тимска работа, висока организираност, самоинцијативност, комуникативност, прецизност, аналитичност во размислувањето и желба за учење нови работи;
  • поседување на Б возачка дозвола и активно возење.

Работни задачи:

Лаборантот ги има следниве задачи:

-       Земање крв од вена и прст;

-       гледање на седимент на урини;

-       вклученост во севкупната работа во лабораторијата;

-       изведување на теренска работа;

Нудиме:

  • атрактивна и динамична работа;
  • можност за надградба на професионален план;
  • одлични услови за работа.

Позицијата е со седиште во Скопје.

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на lab@farmahem.com.mk.

Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.

 


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk