Добитник на наградата за најдобар работник за 2019 година

Љубомир Симеоновски ја освои наградата за најдобар работник во 2019 година.

Во потесен избор беше номиниран заедно со тројца други колеги:

• Зоран Настов,

• Јулијана Димзова и

• Марјана Шушлевска.

 

Љубомир ја освои наградата за неговата истрајност, трудољубивост и посветеност кон целите и вредностите на компанијата, особено како член на тимот и во непредвидливи ситуации како чистење снег, пожари, поплави и пандемија.

 

Поради пандемијата на коронавирус, оваа година гласањето, како и доделувањето на наградата, се реализираa преку интернет. Доделување на наградата се одржа на 1 мај 2020 година, преку платформата Zoom во присуство на 44 вработени од Фармахем, Фармахем Сервис и ПЗУ Дијагностика Фармахем.


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk