СО ВИТАМИНOT D ДО ПОДОБАР ИМУНИТЕТ И РАСПОЛОЖЕНИЕ

 

Витаминот D е витамин растворлив во масти, којшто е природно присутен во неколку хранливи производи. Витаминот D има улога во апсорпцијата и одржувањето на рамнотежата на калциумот и фосфорот, коишто, пак, ја овозможуваат нормалната минерализација на коските и се потребни за нивниот раст. Витаминот D има невромускулна и имуна функција. Концентацијата на 25(ОН)D е најдобар индикатор за витаминот D во телото. Овие концентрации не ги опфаќаат количините на витаминот D врзан и зачуван во ткивата.

Според најновите истражувања во медицинските центри, лица коишто имаат помалку од 30 nmol/L имаат дефицит на витамин D, оние коишто имаат од 30–50 nmol/L имаат потенцијален ризик за негов дефицит. Концентрацијата на 25(ОН)D од 50 nmol/L во серум ги задоволува 97,5 % од потребите од витаминот D на популацијата.

 

ИЗВОРИ НА ВИТАМИН D  

Храна 

Многу малку од хранливите производи во природата содржат витамин D. Свежите масни риби (лосос, туна и скуша) се најголем извор на витамин D.

Изложување на сонце 

Ултравиолетовото (УВ) Б зрачење (290–320 nm) продира во кожата и притоа се создава витамин D3.  Комплетното покривање на телото со облека го редуцира УВ-зрачењето околу 50 %, a при облачност и/или зголемено загадување се намалува зрачењето дури за 60 %.  

Употреба на суплементи во исхраната 

Во суплементите, витаминот D најчесто се наоѓа во две форми: D2 (ергокалциферол) и D3 (холекалциферол).

 

ЗНАЦИ ЗА НЕДОСТИГ НА ВИТАМИН D 

Болки во мускулите и коските 

Константна болка во коските е еден од основните знаци за недостиг на витаминот D. Телото ја гради коскената маса до околу 30 години и затоа може да се јави остеопорозата.

Често се чувствувате тажно 

Депресијата и промените во расположението се често поврзани со недостиг на витаминот D во телото. Серотонинот, хормонот одговорен за расположението, е стимулиран од количината на витаминот D. 

Висок крвен притисок 

Хипертензијата може да биде еден од знаците на недостиг на витаминот D.

Умор и поспаност 

Недостиг на витаминот D може да биде причина за хроничен умор. Овој симптом е особено изразен кај постарите лица. 

Промени на расположението 

Рецеторите за витамин D во мозокот се наоѓаат во истите делови од мозокот каде што се и центрите за расположение и емоции. Затоа, недостигот на витаминот D е тесно поврзан со ментални заболувања како што се стрес, анксиозност и депресија.

Дигестивни проблеми 

Витаминот D помага нашиот дигестивен систем правилно да ги апсорбира мастите. Неговиот недостаток може да доведе до повеќе цревни проблеми како што се: интолеранција на глутен, воспалителни болести на цревата и Кронова болест.

Алергии 

 Тој игра важна улога во регулирањето на имуниот систем и неговиот недостиг може да предизвика разни алергиски реакции како: астма, алергии на храна, егземи и алергиски ринитис. Витаминот D заедно со цинкот игра многу значајна улога во создавањето на имуните клетки коишто нè заштитуваат од разни бактерии, вируси и други надворешни агенси.

 

Дијагностика Фармахем е секогаш тука за вас

Во текот на месец ноември, декември и јануари како сојузници во борбата со короната Ви нудиме 40% попуст на анализта за витамин D и концентрацијата на микроелементот цинк (од 1600 ден. на 1000 ден.), како едни од најголемите фактори за одбраната на организмот од вирусни и бактериска инфекции.

Да бидеме подготвени со зголемен имунитет во борбата со вирусите и бактериите!

 

Мери Спасовска-Гичева, дипл. биохем.

 

Контакт:

ПЗУ ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ

тел.: 02/20 31 905, 02/240 33 55

моб.: 071/ 30 60 19

е-пошта: lab@farmahem.com.mk


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, П. Фах 39, Тел: +(389 2) 2031 193, Факс: +(389 2) 2031 434, е-пошта: farmahem@farmahem.com.mk