Благодарница за имплементирање на стандардот MAMFORCE©

Фармахем е добитник на грант во 2019 година за имплементирање на стандардот „MAMFORCE во рамки на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од НВО Конект и Бизнис Конфедерација на РСМ и во декември 2019 доби благодарница за својата заложба да го импементира стандардот, да го унапреди балансот меѓу работата и приватниот живот, а со тоа да стане семејно и родово одговорна компанија.

MAMFORCE COMPANY© е признат знак за квалитет со кој работодавачот ја потврдува својата компетенција во спроведувањето на политиката на семејна одговорност и родова еднаквост со управување на човечките потенцијали. Тоа се компании кои преку серија на одговорни политики и бенефиции за вработените го олеснуваат усогласувањето на приватните и деловните обврски и обезбедуваат услови за непречен развој на кариерата, без оглед на родителството и полот.



.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, П. Фах 39, Тел: +(389 2) 2031 193, Факс: +(389 2) 2031 434, е-пошта: farmahem@farmahem.com.mk