По повод денот посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците, сите вработени во Дијагностика Фармахем, Фармахем Сервис и Фармахем номинираат и избираат колега кој ја понесува Првомајската награда „Работник на годината“, инспирирана и востановена во спомен на нашиот колега Душан Ѓуровски.
Како и претходните пет години, критериумите што се меѓу клучните во изборот се: трудољубивост, посветеност, колегијалност, меѓусекторска соработка, иновативност, ефикасност, солидарност, пожртвуваност, општо добро.
Оваа година наградата ја доби нашата драга колешка Александра Петровска-Горин која со својата ангажираност, посветеност и колегијалност е вистински пример за Работник на годината. Таа одржува рамнотежа во односот помеѓу сите колеги и ги мотивира во исполнување на што подобри резултати. Неуморно се грижи да ги организира настаните од различен карактер, притоа да ги удоволи желбите на сите колеги и да ги задржи принципите на компанијата. Помошта во административните лавиринти и преточувањето на сработеното во бројни награди за Општествена одговорност на компанијата беа исто така препознаени од колегите.
Искрени честитки и до останатите номинирани колеги: Даниел Стефановски, д-р Душан Велјановски и Оливер Стојчевски.
Само човек кој вистински си ја сака работата и ја работи со љубов ќе остави неизбришливи траги зад себе во делата што ги остава и во срцата на тие со кои работел.