Награда за ООП 2021

Министерството за економија на 26 мај 2022 година ги додели Наградите за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2021 година.

Наградата во 2021 година се доделува за проектите и практиките кои се реализирани во период од две години, од 1-ви јуни 2019 до 1-ви јуни 2021 година, од причина што во 2020 година наградата не беше организирана.  Во 2021 година на конкурсот за наградата се пријавија вкупно 19 проекти од 12 македонски претпријатија.

Фармахем е едно од ретките мали и средни претпријатија кое што е континуирано наградувано од 2008 година, кога почнаа да се доделуваат Националните награди за ООП и има освоено призанија во сите пет категории: етичко управување, однос кон вработените, односи на пазарот, вложување во заедницата и однос кон животната средина.

Фармахем за 2021 година го освои признанието во категоријата „вложување во заедницата“ за проектот „Со мали чекори до подобро утре!“.

 



.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk