Проект за ООП 2021 - „Со мали чекори до подобро утре!“

Фармахем за 2021 година го освои признанието за општестевна одговорност на претпријатијата во категоријата „вложување во заедницата“ за проектот „Со мали чекори до подобро утре!“.

Називот на проектот ја одразува заложбата на Фармахем секоја година да прави мали чекори напред, да реализира локални мирко проекти и мини активности, за кои сметаме дека се многу поефективни, покорисни и позначајни за локалната заедница отколку еднократни проекти и донации. Во 2020 година, Фармахем одбележа значаен јубилеј, 30 годишнина од постоењето. По тој повод, секој вработен во Фармахем, Фармахем Сервис и ПЗУ Дијагностика Фармахем засади дрво во СРЦ „Сарај“. Вкупно беа засадени 75 дрвја во чест на 75-годишнината од раѓањето на основачот на Фармахем, директорот д-р Јосиф Таневски. Воедно, направивме донации во финансиски средства, медицинска опрема, средства за дезинфекција и чистење, маски и брзи тестови за Ковид-19, на голем број граѓански здруженија, НВОа, здравствени установи, научно-истражувачки друштва, фондации, студентски организации, спортски клубови, пензионерски друштва, Општина Ѓ. Петров, Дневен центар за деца од улица во Општина Шуто Оризари, СОС Детско село, Прв скопски извиднички одред, Наука за деца во рамки на Фондацијата Кантарот, МАНУ и други.

 


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk