Вработените во ПЗУ „ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ“ добија признанието за значаен придонес во справување со здравствената криза во 2020 година.
Во услови на пандемија од коронавирус, вработените од двете лаборатории си ја вршеа работата совесно и професионално. Покрај многу болни од ковид-19 меѓу персоналот и чести отсуства поради изолација, работата во лабораториите не престана. Од пациентите кои доаѓаа голем дел беа болни од ковид-19, кашлаа, со температура, истоштени и раздразливи. Персоналот активно учествуваше во спречување на ширењето и можноста од заразување со ковид-19.
Вработените на ПЗУ „ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ” се во првите борбени редови и континуирано изложени на голем физички и психички напор, одговорност, грижа за вработените во Фармахем, грижа за пациентите, континуирана комуникација со пациентите, грижа за себе и своите блиски, работејќи постојано во страв од можното заразување и голем притисок врз нивното ментално здравје.