|
Фармахем е приватна компанија основана од д-р Јосиф Таневски во октомври 1990. Фармахем е официјален застапник и дистрибутер на 23 светски познати компании.
Одделот за промет го сочинуваат 3 сектори:
- инструменти и опрема,
- адитиви и реагенси,
- дијагностика и лекови.
Одделот за консалтинг ги насочува своите активности во заштита на животната средина и воведување на нови чисти технологии.
Од 1996 година Фармахем има сопствена
биохемиска лабораторија современо опремена која нуди широк спектар на анализи на крв, урина и др.
Посебен дел на Фармахем е
сервисот за одржување и поправка на ваги и инструменти што ги нудиме.
Како резултат на проширување на нашите активности, од октомври 2001 сме во нов објект. Канцелариите, салата за презентации и магацинот зафаќаат простор од околу
500 m2.
Нашиот тим го сочинуваат 31 обучени вработени од кои 21 со
високо образование, кои им излегуваат во пресрет на барањата на
нашите клиенти и потрошувачи.
Фармахем излага редовно на саемите „Медицина“, како и „Технома“, во Скопје. За своето
учество досега три пати е наградуван.
Директорот на Фармахем, д-р Јосиф Таневски во 2001 година беше добитник на наградата
„Јан Ван Апелдорн“ за својот придонес во примена на концептот на одржлив развој во
Република Македонија.
Македонскиот деловен центар ја следеше работата на Фармахем во 1998, 1999 и 2000 година
и го потврди позитивниот тренд на пораст на фирмата.
|