Фармахем Сервис
ФАРМАХЕМ, уште од првите години од постоење на фирмата,
почна да работи на формирањето на својата сервисна служба. Со
развојот на Фармахем и продажбата на најсовремени инструменти,
се повеќе се прошируваше сервисот како во бројот на стручни
лица-сервисери, така и во просторот и потребната опрема.
Сервисот на Фармахем е посебна фирма со
име Фармахем Сервис.
Сместен е во 60 m2 работен простор во непосредна
близина на Фармахем. Со бројни инструменти и алат, четири
вработените лица, три сервис инженери и еден стручен
соработник, ги извршуваат сервисните задачи во два сектори на
сервисот, по ISO стандардите:
- Сектор за сервисирање на преносни и лабораториски
инструменти за индустрија и медицина: термометри, pH
метри, влагомери, пипетори, бирети и сл., ваги,
млекоанализатори, криоскопи, спектрофотометри, стерилизатори,
водени бањи, центрифуги итн. од светски реномираните фирми:
Testo, Hanna, Brand, Mettler Toledo, Funke Gerber, Zeiss,
Analytik Jena, Hettich, Binder и др.
- Сектор за сервисирање на медицински инструменти:
• Лабораториски инструменти: хематолошки бројачи и
биохемиски анализатори од Sysmex и Abbott.
• Опрема за хируршките одделенија и операционите сали:
електро скалпели, аспиратори, ладно светло, рефлектори,
стерилизатори...
• Опрема за интерните одделенија и интезивна нега: инфузиони
пумпи, ЕКГ, дефибрилатори, монитори, апарати за мерење на
крвен притисок, глукометри, стрес– тестови, инхалатори...
• Рентген: негатоскопи, машини за развивање на рентген
филмови...
• Офталмологија: шпалт, скиаскоп, офталмоскоп...
• Опрема за потребите на дерматологијата: УВ + ИЦ Лампи...
• Опрема за хемодијализа: Гамбро АК 100, АК 10, АК 90
• Опрема за гинекологија и педијатрија: колпоскопи,
инкубатори, вармери, лампи за фототерапија ...

Во состав на сервисот е отворена и Акредитирана метролошка
лабораторија за мерила за маса, во која се врши сервисирање
и калибрации на прецизни и аналитички ваги. Лабораторијата
работи согласно стандардот ISO/IEC 17025.
Сервисните книги, прирачниците и упатствата како и знаењето
стекнато за време на повеќемесечната обука во
гореспоменатите фирми се најголемото богатство на нашиот
сервис. |